Елдин е единственото дете во селото, улилиштето му е на 20 км, а цело семејство живее од неговата стипендија

  • By klaster2
  • декември 1, 2021
  • 0
  • 398 Views

Елдин Гута, ученик во шесто одделение, е единственото дете во селото Божановци, во источна Босна и Херцеговина. За да стигне до училиштето оддалечено 20 километри треба да стане во пет и пол и да смени неколку видови превоз.

Учи и опстојува благодарение на стипендија, која ја добил а сонува да стане инженер. Секое утро Елдин оди пеш, па со соседот оди во селото Јабука, каде чека организиран превоз.

„Се менувам во комбе и одам на училиште. Кога се симнувам во Устиколина, одам до продавница, земам чипс и потоа одам на училиште“, изјави тој за ,,Радио Слободна Европа”

Нема време да учи дома, па му е дозволено да остане на училиште пред и после часовите за да си ја заврши домашната задача.

„ Во секој момент може да заврне и натрупа снег. Доколку се случи тоа преку мој уред наставниците на таблет ми испраќаат задачи и јас препишувам.

,, Многу ми е потешко бидејќи немам објаснување како да направам нешто од математика, географија , историја и потоа ми е тешко за учење, но кога ќе дојдам на училиште го надокнадувам сето тоа“, рече тој.

„Сакам да им помагам на моите родители кога е викенд. На пример, ако мајка ми има нешто работа во градината, нешто да купи, работи, јас сум секогаш тука да помогнам“, рече тој.

Тој е единственото дете кое е на овие простори, кое оди на училиште и единствениот млад живот воошпто овде вели Зенид Гута, неговиот татко.

Семејството Гута главно живее од земјоделство. Единствениот приход е 50 конвертабилни марки детски додаток и 100 марки стипендија на Елдин.

„Се трудам да ја задржам таа стипендија. Без неа немаше да имам ништо. Мислам, немаше да имам ни кабелска телевизија да не добиев стипендија.

Она што го добивам од стипендијата ни помага да се снабдиме со нај неопходното и некој други работи за јадење, додава овој мал херој пол со енергија.

Елдин вели дека оддалеченоста од училиште не му претставува толку проблем колку што му недостигаат пријатели, игри, но и здравствен дом и продавници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *