Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе биде домаќин на црногорскиот колега Алекса Бечиќ.
Џафери и Бечиќ ќе остварат билатерална средба, а ќе се обратат и на регионалната конференција на тема „Подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан”.
Црногорската делегација, превдодена од Бечиќ, ќе има средба и со претседателката на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Црна Гора, Дафина Стојаноска и со нејзините членови.