Моментот на одлука за Македонија во 17 часот

  • By admin
  • ноември 26, 2021
  • 0
  • 199 Views

Македонската фудбалска селекција попладнево ќе ги добие ривалите во баражот за Светското првенство кое во 2022 година ќе се игра во Катар. Желба е да се избегнат најдобрите европски селекции, последните два европски шампиони.

Меѓу потенцијалните ривали се и велесиле како Португалија и Италија кои се најдат на вторите места во групите и така да завршат во баражот.

Тие ќе бидат меѓу носителите и не се посакувани во групата на „рисовите“ во борбата за Мундијал. Меѓу носителите ќе бидат уште Русија, Шкотска, Шведска и Велс, а во групата на Македонија ќе се најдат вкупно две од овие селекции.

Покрај Македонија, во шеширот на неносители се наоѓаат уште Австрија, Турција, Украина, Полска и Чешка. Од тука, Македонија ќе има еден можен ривал, но само во финалето.

На ждрепката екипите ќе се поделат во три групи со по четири репрезентации. Две ќе бидат од носителите, уште две од неносителите. Ќе се играат две полуфиналиња, во кои домаќини ќе бидат носителите. Победниците патуваат во финалето и ќе се борат за „виза“ во Катар.

Вкупно три селекции ќе одат на СП 2022, може ли Македонија да биде една од нив? Ждрепката за баражот е со почеток од 17:00 часот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *