Бајиќ: Мора да одиме понатаму, има уште натпревари да се играат

  • By admin
  • ноември 30, 2021
  • 0
  • 459 Views

Два натпревари се зад нашите најдобри кошаркари во квалификациите за Светскиот Куп 2023 година. За жал, два порази запишаа оние 12. избраници на селекторот Драган Бајиќ во дуелот со Шпанија и со Украина во овој ноемвриски ФИБА „прозорец“.

А што велат оние индивидуални параметри за играта на нашиот национален тим во овие мечеви во Скопје односно во Киев?

Ако се мери „степенот на корисност“, Џејкоб Вајли има најдобри индивидуални бројки. Силниот Американец е прв поентер во тимот, со просек од 11. поени по натпревар.

Освен тоа е и прв скокач, затоа што во просек има по седум скока по натпревар. Или индекс на ефективност од 12.5.
Двоцифрен број на поени во овие натпревари има и Теодор Симиќ, 10.5 најмногу благодарение на одличното издание на средбата со Шпанија во Скопје, кога реализираше 18. поени.

Шестмина од составот на Бајиќ играле 20 и повеќе минути. Најмногу, па и помалку изненадувачки, Кристијан Николов – по 27.4 минути. Зад него е Дамјан Робев со 25.5, додека новиот капитен Бојан Крстевски, играше по 23.

Николов e прв асистент во нашата селекција, оствари просечни шест додавања по натпревар, но има и најмногу загубени топки – по 3.5.

Од друга страна, Дамјан Робев има по 2.5 освоени топки.

Десет од овие 12. кошаркари настапија на двата меча во квалификациите. По еден одиграа Виктор Ефремовски и Кирил Николовски (не добија шанса во Киев).

Во просек, Македонија реализираше по 63.поени на двата натпревари, а прими во просек по 86. поени.

Македонскиот селектор, не беше задоволен од прикажаното. Особено во второто полувреме во кое противникот стигна до преубедлива победа, прва за нив во овие квалификации.

„Честитки за Украина за победата. Морам да ги пофалам момците за првото полувреме кога е во прашање. Имавме краток период на подготовка за овој меч. Ги испочитувавме работите за кои се договоривме во поголемиот дел од мечот. Влеговме во дуелот со еден спор ритам. Не дозволивме Украина да се разигра, менувавме одбрана, имавме контрола на играта, го држевме и скокот под контрола, немавме грешки.

Но во вториот дел снемавме енергија. Можеби напорниот пат си го направи своето. Така ја загубивме концентрацијата и се распадна се што градевме претходно. Фокусот и концентрацијата на крајот одлучија за конечниот резултат. Шпанија и Украина беа доста тешки натпревари за нас. Мора да одиме понатаму, има уште натпревари да се играат и во февруари се надевам дека ќе бидеме комплетни. Ни недостасуваат пет играчи, тоа е многу и ни прави проблем во подготовката на натпреварите“- изјави селекторот по вториот проаз во квалификациската „Г“ група, во која вечерва од 20.30 часот, играат Шпанија и Грузија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.