Баба Динка Вукиќевиќ (87) живее само во планинското село Крток на 18 км од Куршумлија, во тешки услови и голема сиромаштија.
Животот не ја милувал оваа жена која е во поодимнати години, дури на прашањето колку години е вели родена сум 1935 па вие сметајте.
– Не знам колку години сум, благодарна сум барем паметот да ме служи бидејќи вака сама па дури и да непамтам незнам што би било.
– Јас сум сама во оваа околија, во соседното село кое е на 12 киломтери има уште една жена и таа е сама таму, вели баба Динка пред објективот на хуманитарецот Дејан Милошевиќ.
– Останав без сопругот уште пред 15 години, тогаш колку толку бевме поддршка еден на друг и си помагавме, но откако замина тој, не е исто.
– Како стареам и здравјето ме напушта пополека. Земам многу лекови без не можам а приходите се многу мали кој едвај стигаат за нив.
– Земам 4.200 денари ете толку ми се примањата, немам за повеќе ако верувате. Имам две кокошки се занимавам со нив, вели баба Динка.
– Па така тие ке снесат јајца и ќе имам нешто да каснам. Јас месам еден леб и тој леб го јадам 15 дена, издржувам некако.
– На овој овде шпорет и готвам и се грејам, но често чади и е доста стар, но немам друг и морам да го користам овој, вели оваа осамена баба.
Дејан Милошевиќ кој надалеку е познат по своите хумани дела, ја рашири приказната за оваа жена и донесе неколку пакети со кој таа би се обезбедила во наредниот месец.