Ацо Пејовиќ си ја отвори душата и откри детали од тешкото детство: Живеев во студен и трошен дом

  • By klaster3
  • јули 30, 2022
  • 0
  • 322 Views

Популарниот балкански пејач Ацо Пејовиќ периодов е чест гостин ширум Македонија. Дискотеките ги полни како од шала со илјадници продадени влезници, а првиот рекорден од низата закажани концерти го имаше во Скопје со 12.000 публика.

– Многу сум горд и среќен затоа што тоа е прв голем концерт којшто сум го имал во Македонија. На 24-ти декември повторно закажавме коценрт во Скопје, во Борис Трајковски така што се гледаме повторно во декември, изјави пејачот за Бекстејџ.

Ацо Пејовиќ веќе како момче покажал интерес за музика. Иако потекнува од семејство во кое никој не се занимава со музика, родителите на Аца Пејовиќ брзо го забележале неговиот талент.

Затоа решиле да го запишат во музичко училиште, а бидејќи живееле во Пријепоље, единствената опција му била да се пресели во Подгорица и таму да оди на училиште.

Ацо открива дека воопшто не му било лесно да биде сам на 14 години во различен и голем град, и во интернат каде што морал да се приспособи на условите за живот на кои не бил навикнат.

-Имав 14 години и тоа беше теж ок период за мене. Бев во студентски дом кој беше трош ен, студен, со соби за шест-седум лица и заеднички бањи. Но, се поради музиката – се присети Пејовиќ на тој период.

– Не плачев, но ноќите ми беа тешки. Во град каде што не познавате никого беше стре сно затоа што бев дете. Треба да се снајдеш, да ја истуркаш приказната за која си дошол.

– Можеби еднаш месечно успевав да си одам дома. Со нетрпение ја чекав храната на мајка ми, не можев да внесам храна во домот бидејќи немаше каде да ја чувам.

Беше исто како во вој ска. Се сеќавам дека откако еднаш ме посети таму, мајка ми во со лзи отиде дома. Потоа по десет дена се појави татко ми и рече:

„Морам да ти го сменам домот“. Мајка ти не ги сака условите во кои живееш – изјави Ацо во емисијата „Во профил“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.