Апасиев се огласи: Џабе ви е

  • By admin
  • април 5, 2021
  • 0
  • 1279 Views

Угостителските објекти се затвораат на две недели, полицискиот час ќе започнува два часа порано односно од 20 часот до пет часот следното утро.

Покрај ова се затвораат и фитнес центрите и се забранува одржување на конференции и разни обуки, ова се новите рестриктивни мерки кои ги соопштија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

Главна причина е зголемувањето на бројот на заразени и починати, како и преоптоварувањето на здравствениот систем кое што, според властите, е најголемо од почетокот на епидемијата од коронавирусот.

– Почнувајќи од 7 април 2021 (среда), сите угостителски објекти (кафеани, ресторани, барови, клубови) ќе имаат целосна забрана за гости/посетители. Оваа мерка, како што денеска одлучи Владата на Македонија, по предлог на Комисијата за заразни болести ќе важи до 20 април 2021 година (среда).

Целосна забрана да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна.

Објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт.

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека причина за заострување на мерките се најновите тенденции, кои покажуваат дека британскиот сој на вирусот зема сѐ поголем замав – расте бројот на заразени, на починати, а се зголемува и притисокот врз болниците, каков што досега немало кај нас од почетокот на пандемијата пред една година.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека новите мерки се со цел празниците кои што доаѓаат дополнително да не го оптеретат здравствениот систем.

„Иако досегашните мерки на некој начин не дозволија експоненцијален раст на новозаболени, сепак бројката на новодијагностицирани е огромна, огромна е и бројката на хоспитализирани пациенти, сето тоа иако е со намалена динамика се акумулира и ствара притисок во болниците.

Сметаме дека празниците кои што доаѓаат може дополнително да ја комп лицираат епидемиолошката ситуација и не сакаме да дозволиме во тој период се случи уште едно дополнително оптеретување на здравствениот систем, тоа тешко би можеле да го изменаџираме и во таа смисла се сите нови рестриктивни мерки“, рече Филипче

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев се огласи пред неколку момент на фејсбук по новите одлуки на Владата и притоа напиша:

И сто полициски часа да воведете, додека болните чекаат по две недели за тестирање на државно – ЏАБЕ ВИ Е!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.