(ФОТО) Ване Маркоски ги изненади фановите: Заминав, чао

  • By admin
  • април 5, 2021
  • 0
  • 1980 Views

Несомено, Ване Марковски важи за еден од најпознатите македонски водители човекот кој долго време не`забавува и информира пред малите екрани, со неговите емисии кои се од најразлични тематики.

Марковски пред неколку месеци објави дека неговата професионална соработка со Канал 5 телевизија е завршена.

Но тој долго не беше без ангажман па се пресели во МТВ каде што и понатаму со успех продолжи да ги извршува своите професионални задачи.

Харизматичен и позитивен лик кој обожаваат да го гледаат и оние најмалите но и повозрасните. Дека со љубов си ја работи својта работа говорат неговите успеси на професионално поле.

Ване Марковски е познат како голем љубителл на природата, заговорник на здравата исхрана, фитнесот и здравиот живот, но она што можеби не сте го знаеле за радио и ТВ водителот е дека е исто така и голем љубител на животните.

Особено домашните миленичиња му се слабост, па затоа Ване кој живее сам во својот нов дом во скопските Џеваир облакодери, реши друштво да му прави едно кученце. Имено, според информациите, Ване истото го спасил од улица, каде што кутриот пес бил оставен во не добра состојба.

Сега неговиот Буби му е најверниот четвороножен пријател на водителот.

Марковски е мошне активен и на социјалните мрежи, пред се на својот фејсбук профил каде често знае да сподели по некоја интересна информација и од својот приватен живот.

Така беше и овојпат кога на својот профил сподели фотографија на која позира крај јадранското море во Хрватска и напиша:

„Заминав. Чао“ и притоа е означен на острово Раб во Хрватска.

Се уште не е познато дали Маркоски навистина замина од Македонија или пак се работи за некоја постара фотка на која се навраќа на спомените.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *