Tамара, сопругата на Димитар Апасиев: Намалете со доживљај

  • By admin
  • мај 14, 2021
  • 0
  • 1947 Views

Тамара Јованов, сопругата на лидерот на Левица и актуелен пратеник, Димитар Апасиев се огласи пред неколку моменти на својот профил на фејсбук каде напиша:

Да не се лажеме – децата родени во добро ситуирани семејства или родители на повисоки општествени позиции (функционери, универзитетски професори, директори…).се априори привилегирани во однос на оние кои не се (т.е. се родени во сиромашни семејства, без значајни позиции).

За да не се зл оупотреби таа привилегија е потребна напорна работа од страна на родителите (под услов да се изградени и освестени индивидуи со некаква животна филозофија која ја надминува индивидуата), прописно воспитание на децата и спречување на секој обид во иднина да истата не биде зл оупотребена (додека детето се гради како личност).

Ова е ѓа волски тешко, а повеќето луѓе, не сакаат ѓа волски тешки работи (неретко со часови се зборува дома со поголемата (а и со малото) зошто нештото не може/не треба да се купи, за статусот на другите деца, за злоупотреба на привилегии, за конзумеризам, за емпатија, за начин на градење на личност и самодоверба на реални основни…).

Затоа, муабетот дека тие деца се еднакви со другите е неточен (одат во подобри/приватни училишта, одат на приватни курсеви, секогаш се најадени, задоволени со скоро се’, опкружени со книги и успешни примери од кои учат, дотерани по последна мода, нашетани, заштитени од лоши влијанија…).

Особено пак, овој муабет е смешен кога мнозинството од нив, како што милуваат, си го присвојуваат епитетот на селф мејд (self made).

Затоа, намалете со доживљај дека ако родителот нема да може да го вработи во државната фирма или факултет каде што е на позиција, некако би биле оштетени и нивните права намалени.

Не е лошо конечно да ги видиме состојбите какви што се, а не какви што сакаме да бидат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.