Лила Филиповска јавно најави дека кај и да е ќе посвои дете – откри и кое

  • By admin
  • мај 5, 2021
  • 0
  • 14359 Views

Лила Филиповска е една од нашите најпопуларни водителки, а во последно време и инфлуенсерки. Ако некоја личност од естрадата кај нас, може да се нарече инфлуенсер, тоа секако е Лила.

Веројатно е и затоа успешна и успева да ги договори најјаките брендови, да биде нивно заштитно лице. Лила веќе десет години го води квизот „Се или нешто“ за кој рече дека ѝ е голема љубов.

Несомнено Лила Филиповска важи за една од најзгодните, најатрактивните и најангажирани водители кај нас.Што и да облече на себе одлично и стои, а секогаш добива комлименти на својот изглед.

Лила на својот профил на Инстаграм објави често фотографии и речиси да нема ден, а да нема барем по една фотографија.

Пред неколку дена Лила се врати од патувањето во Турција каде уживаше во Анталија, а повторно таа во друштво беше со Спасе Јовановски.

Спасе Јовановски многумина од вас го знаат од ТВ екраните. За оние, помалку упатените, момчето е еден од презентерите на временската прогноза на ТВ „Сител“.

Него го гледате речиси секоја вечер во информативните изданија на „ТВ Сител“, иако не е ниту информативец, ниту новинар… Да, порано бил и тоа естраден, во некогашниот магазин „Македонски свет“.

Денес, Спасе Јовановски е познат како еден од презентерите на временската прогноза на ТВ Сител.

Естрадниот свет и неговите кругови повеќе го познаваат како „помошникот“ на Лила Филиповска, момчето кое многу често и дома и на патувањата ја придружува, и и’ придржува – од чантата, до наметката или чадорот, и прави друштво, и помага, и служи како рамо за плачење или потпирање…

Лила вчера на Инстаграм одговараше на прашања во стори, а едно од нив гласеше: Ептен супер друштво ти е другарчето Спасе, секаде си го носиш, на што Лила одговори:

-Он ми е и другар и соработник и кај и да е ќе го посвојам

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.