Eвропска држава плаќа 46,90 евра за одработен час, но тоа не е Германија, Швајцарија или Луксембург

  • By admin
  • мај 5, 2021
  • 0
  • 1141 Views

Како што е познато, се поголем број наши сограѓани се решваат да ја напуштат Македонија и среќата да си ја побарат по белиот свет, пред се во некоја од западно европските држави или во Скандинавија.

Пред некој ден објавивме дека Канада е на врвот на листата од 78 земји во светот што, според U.S. News and World Report, се најдобри за живот.

Земјите се оценети според агилноста, претприемништвото, квалитет на живот, социјална одговорност, отвореност за бизнис, наследство, моќ…

Меѓу 10-те најдобри земји за живот, освен Канада, се и: Јапонија, Германија, Швајцарија, Австралија, САД, Нов Зеланд, Велика Британија, Шведска и Холандија.

Кога станува збор за Европа, најголем број Македонци има во Германија, Италија и Швајцарија, а кога станува збор за скандинавските држави, предничи Шведска, а во последно време и Норвешка.

Сепак една друга држава во европа е неприкосновена според заработувачката.

Германија е меѓу водечките земји во Европа според трошоците за работна сила – секој час работа го чини германскиот работодавач во просек 36,70 евра.

Највисока цена на работна сила има во Данска, а најниска во Бугарија – 6,40 евра на час.

Во просек за ЕУ, трошоците за работна сила (плата плус осигурување) изнесуваат 28 евра за еден час работа. Сумата е формирана од бруто плата и дополнителни одземања, како што е социјалното осигурување, информира Дојче веле.

Највисока цена на работната сила има во Данска – 46,90 евра за одработен час, а најниска во Бугарија – 6,40 евра, според Федералниот завод за статистика „Дестатис“.

На дното на рангирањето се неколку постсоцијалистички земји, во кои трошоците за работна сила се околу десет евра за час- Хрватска, Унгарија, Полска и Литванија, а претпоследна е Романија со просечна цена на трудот од 7,70 евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *