Општо познато е дека од година во година се повеќе Македонци се решваат да ја напушата родната држава и среќата да си ја побарат некаде низ светот.
Овј тренд за заминување на работа надвор не запира. Иако за време на актуелната состојба интересот е опаднат, сепак доста граѓани чекаат повик за да заминат.
Од компаниите за посредување на работа во странство велат дека во земјава има околу 1.200 лица кои работеле како морнари на брод и кои поради пандемијата се вратени тука.
Во меѓувреме, околу 300 нови луѓе аплицирале и чекаат повратен одговор за да заминат на брод. Сепак, од компаниите за работа во странство очекуваат во следниот период овие бројки да бидат многу поголеми и поради подобрување на состојбата, но и поради добите понуди за работа.
“Реално ние очекуваме овој број драстично да се зголеми во периодов што следи, бидејќи самата Cruises индустрија нуди многу привилегии кои ретко се наоѓаат на друго место во светот.
Кога го велам ова, пред сѐ мислам на бесплатното сместување и храна, гарантираното напредување во кариерата и секако солидно високите плати”, вели за „Денар“ Зоран Кочоски, сопственик на компанијата Коузон.
Истакна дека во периодов поради пандемијата интересот за заминување општо за во странство е многу намален. Тоа главно се должи на стравот и несигурноста поради тоа што секаде е криза.
“За време на изминативе 12-13 месеци од пандемијата скоро и да нема заминување во странство. Исклучок се само оние кои имаа работни договори со странски компании и ЕУ пасоши.
Реално тој број е многу мал. Знаете дека и во ЕУ државите изминативе шест месеци фирмите скоро и да беа затворени и дека немаше никакво барање на нова работа сила”, додава Кочоски.
Според податоците, сѐ уште најголем интерес за заминување на работа надвор има за Германија. Но тука се и Австрија, Италија, Англија, Шведска и Малта.
Најголем дел од оние кои заминуваат, се млади до 30 години, но расте интересот и кај младите брачни парови кои најчесто бараат иселување. Овие лица најмногу сакаат да заминат во Германија, Шведска, Норвешка, Канада, Автралија и Нов Зеланд.