(ВИДЕО) Д-р. Вело Маркоски го покажа својот талент за музика -се пофали со својата прва испеана песна

  • By admin
  • април 23, 2021
  • 0
  • 1184 Views

Еден од најпознатите македонски инфектоголози, Вело Марковски последнава година стана мошне популарен со неговите бројни гостувања во телевизиите со неговите ставови во врска со вирусот.

Како еден од најстручните инфектолози и искусен професор, тој често гостуваше во медиумите, а неговите емисии предизвикаа внимание и надвор од нашата држава.

Некои од неговите ставови кои беа спротивни на оние што ги пласираше власта, беа поприлично коментирани од еден дел на јавноста и стручното мислење, но повеќето од нив всушност беа точни.

Таков на пример беше неговиот став дека докторите треба да намалат со давањето антибиотици кај пациентите кај кои има дијагностицирано Ковид, за што тој апелираше преку социјалните мрежи.

Добро познато е дека Вело Марковски е во брак со својата помлада сопруга Евгенија Николовска – Марковска.

Вело исто така очигледно има талент за музика, а тоа прво го најави неодмана кога напиша песна.

Инфектологот Вело Марковски покажа дека е грижлив сопруг и на романтичен начин повторно и искажа љубов на својата сопруга Евгенија. Имено, Вело напиша песна посветена за својата љубов насловена како “Те Сакам“ и истата е објавена на Јутјуб, а тој самиот ја сподели на својот профил на Фејсбук.

„Ако имав доволно фантазија, ако бев уметник со префинет вкус или зограф како моите предци, ако верував на логиката, ако бев Бог што создава. Или поет со продорни мисли ќе те замислев баш тебе.

Ако имав доволно ум и храброст што се граничи со лу дило. Ако верував премногу во себе. Ако ги избришев сите слабости и сите претходни фрус трации.

Ако секој миг те посакував и желбата силно ја праќав во Универзумот, ќе посакав ти да ме сакаш. Среќа, награда или судбина, не ми е важно што е, ама убаво ми е да слушам како опише.

Сакам кога ми пееш, најубава си кога се смееш, учиш бељот и тенис. Само да бидеш поблиску домене. За тебе сум најдобриот пејач, подобар тенисер од Ѓоковиќ.

Шах играм подобро од Корчној и секако идниот нобеловец. Умнице моја, еј мило. Понекогаш само Евгенија. Понекогаш „лошата моја, или она погрдото кога ме победуваш.

Нефертита или само ангелче. Убави ти се сите имиња. Сепак најубавото од сите тие – на Павле мајката.

Автор, Дрм, кој е многу верен и кој мисли затоа што три пати спиел во малото на Рацин, смее да пишува песни.“

Но сега Вело отиде уште еден чекор понапред, па реши да запее, a над линкот од песната во негова изведба на својот профил на фејсбк напиша:

-Поддршка за уставобранителите и сите неправедно зат ворани со мојата прва испеана песна – истата може да ја слушнете ТУКА.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.