Марта и Гоце се радуваат што ќерки Ангела и Елена конечно ќе имаат топол дом

  • By admin
  • април 13, 2021
  • 0
  • 3964 Views

Надлежните подолго од еден месец со прст не мрдаат за да му помогнат на семејството Кулески од прилепското село Штавица, кое живее во тешки услови.

Но затоа, на помош притекнуваат хуманите граѓани. Бројни се донациите во храна и облека, а сега, група граѓани прави напори да им изгради и ново пристојно живеалиште, веднаш до старата куќа, која пак, само што не им се урнала врз глава. За градежниот материјал, собрани биле и средства, но недостигаат ѕидари.

„Фирма ни излегоа во пресрет…и ни спуштија што е можно повеќе за да може колку-толку да ги обезбедиме материјалите за да се направи куќата…

Се’ зависи од тоа да се најдат мајстори за таму…исто ќе треба некоја фирма да се пријави како машинерија за да се ископа за темел…„– вели Кристина Манасиева од Охрид.

Марта и Гоце денеска беа дворот. Благодарни до ТВ Алфа што го отвори нивниот 15-годишен проблем, со нетрпение ја очекуваат изградбата на новата куќичка. Се радуваат што нивните две малолетни ќерки, 13-годишната Ангела и 10-годишната Елена, конечно ќе имаат топол дом.

„Досега од Социјалното не се дојдени…Помош треба, пари немам динар, еве и социјално не земам. Сум имал овци, шо овци, со 30 овци и не ми следувало социјално..1000 денари земав, сега не земам ич…

Еве, ќе појдам овчар, некој денар ќе извадам, колку за нив, за мене нема ништо, ни за мене, ни за жената, за децата има, мора да има. Друго ќе биде во таа куќа, не во оваа сета попадната, капи, грга вода…“, – ја раскажува својата болна приказна, главата на ова семејство Гоце Кулески.

Во моментот на нашата посета, пристигнаа и девојчињата од училиштето во соседното село, каде што учат. Денеска беа чисти и во нова облека.

Мајка им Марта вели, таа облека била од донациите. Среќна е, но и преблагодарна на сите граѓани кои им донирале, иако, срамежливо признава дека помошта постојано им е потребна.

„Децата не ги давам…јас сум мајка и колку можам ќе се грижам“, – ни рече Марта Кулеска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.