Новинарот Марјан: Одлуката на Петар и Агатангел за приватните болница е совршено ниво на општествена одговорност

  • By admin
  • април 13, 2021
  • 0
  • 3205 Views

Познатиот македонски новинар Марјан Николовски кој долги години го гледаме на Телевизија Сител, а кој прв ја објави вест за владиците се огласи на фејсбук и објасни некои работи:

Играта се вика журнализам…Уште на почетокот ќе бидам нескромен и ќе речам: Ако не сакав да ја објавам веста за двајцата владици на МПЦ-ОА кои се на лекување поради ковид, никогаш немаше ниту да дознаете дека се заразени, а не пак и каде се лекуваат.

Но, одлуката да ја споделам веста беше професионален пор ив и мотивинарана од тали банските православци кои пред Велигден агре сивно и нахално се нафрлаат на сите свештеници кои зборуваат за сериозноста од вирусот и потребата од вакцинација.

Целта беше кога ќе прочитаат дека двајца владици на МПЦ-ОА се на болничко лекување, можеби ќе стават прст на глава и ќе разберат дека Бог е милостив и помага така што создал лекари и медицина.

Но, очигледно направив превид. Не изанализирав добро дека македонскиот журнализам е како прле пред магаре и наместо за суштината се фаќа за формата.

Така, фаќајќи се за формата, на та либанските православци им овозможи лежерност да продолжат со своите конспирации, затоа што од се, моите драги журналисти, се фатија за приватното лекување на владиците. Од кај пари, како не им е срам, што се тие повеќе од верниците.. и се така по ред.

Суштината, дека свештениците имаат сериозен проблем со учени-недоучени верници, остана да плови по Вардар. Работејќи повеќе од две децении на религија и верски прашања, одамна ми стана јасно дека најлесно тренирање демократија во Македонија е ако удр ите врз МПЦ.

Тука имате бришан простор, лесно се освојува емоција, лесно се поентира. Нешто слично е и со други верски заедници, иако, на пример, тренирањето демократија кај некои други верски заедници знае да побуди страв, а со тоа и малку повеќе самоконтрола.

Како и да е… Нашиот журнализам, како и обично покажува високо ниво на неодговорност и неможност да се канализира во суштината на општествена вредност. Тоа е така затоа што се води од сензационализмот, а не од општествената одговорност.

Настрана тоа што за себе гаиме илузии дека сме најпаметни. Но, да бидеме на јасно. Јас немам никаква намера, никого, ама баш никого да амнестирам, ниту да бранам.

Со Владиката Петар воопшто и не комуницирам повеќе од седум години. Последниот мој контакт со него беше со негова констатација: „ќе се видиме на стр ашниот суд“.

Причината беше мојот став за црковниот проблем во Австралија, за кој јас и денеска тврдам дека тој не беше во право. Со Владиката Агатангел сум личен пријател. Но, секогаш критичар на секој негов потег, или изјава за кој сметам дека не е исправен.

Сум бил и сум крит ичар на секоја девијација во МПЦ-ОА, за тоа сум бил во конф ликт со половина Синод на МПЦ-ОА, но да се создава лажна тема со теза зошто владици на МПЦ-ОА се лечеле во приватна болница, а не во државна е тендециозност и лечење фрус трации. Извинете.

Еве јас ќе кажам дека одлуката на Петар и Агатангел да се лекуваат во приватна болница е совршено ниво на општествена одговорност, како што доликува на еден владика и за тоа можам да полемезирам до утре. Зошто?

Владиката Петар има 75 години, Владиката Агатангел 66 години. Хоспитализирани се превентивно поради можни ком пликации од различен вид од вирусот. И, наместо да користат капацитети во државните болници, каде до место тешко се доаѓа, како што тоа го прават сите кои имаат и пријатели и врски, а можеби се и политичари и новинари и општествени фаци, они одбрале приватна болница каде се плаќа.

Да се плаќа. Дали ќе платат, или Орце ќе ги лекува без пари е одлука на приватната болница. Додека ние правиме др ами од лекување на владици, сериозни држави, како Грција, Бугарија, Албанија, Србија, за Русија ич муабет не правам, владиците ги третира како пациенти од висок национален интерес.

Да ве потсетам каде се лекуваше Српскиот Патријарх Иринеј? Да, тие се лекуваат од Ковид на ниво на државници од висок степен на интерес.

Но, нејсе… и тоа не е толку важно во една се куларна држава. Најважно е што за нивното лекување не се трошат јавни и државни средства.

Можеби се трошат средства на верниците, но тоа се лични средства на луѓето кои веруваат во Црквата и кои се ќе направат за да им возвратат на своите духовни отци. Штета што површинскиот журнализам тоа не може да го разбере.

П.С. Гледам и дел лекари се загрижиле од каде пари за приватно лекување на владици, па гордо констатирале дека тоа е високо ниво на неодговорност.

Знаете што е високо ниво на неодговорност? Во текот на денот, како лекар, повеќе време да посветите на пишување статуси на Фејсбук, отколку на лекување пациенти.

Така добро да лекувавте пациенти, како што така добро пишувате статуси на ФБ, можеби и немаше да бидеме први во светот по см ртност од Ковид 19.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *