Ѓоргиче Георгиевски по потекло од Кратово кој имам 34 години е едне од низата Македонци кои својата среќа си ја побара во Германија.
Тој во разговор за „Кластер.мк“ реши да проговори како му е.
Да заминам во Германија ме натера ситуацијава во нашата држава. Работев во Македонија за 23.000 плата, а притоа морав да патувам Скопје или да седам под стан, А тука за истата работа имам плата од 2800 до 3300 евра. Па си велам зошто би седел во Македонија.
Тој вели дека донел вистинска одлука и сега му е многу добро.
Задоволен сум од работата .Трошоци имам само за јадење, додека смештајот ми го подмирува фирмата, како и транспортот. Одмор имам доволно во годината, двапати по 3 недели доколку сакам можам и повеќе, нема проблеми.
Работам по 10 часа од понеделник до петок, додека сабота 5 часот, а недела слободен. Во Германија сум работел Инглоштад Ауди,Нецкарсулум Ауди, Порше Штутгарт, Свс Минхен. Големи објекти кои чинат и по 30 милиони.
Првпат кога дојдов незнаев германски. Голем проблем ми беше сето,но сега добро оди. Задоволен сум од работата и фирмата во која сум откако дојдов не сум ја менувал.
Ѓоргиче објасни и како е да се работи на голема вистина од тлото.
Сите мислат дека да работиш на кран е едноставна работа,не тоа е грешка според мене. Работам веќе 10 години на кран, од кои 2 години во Македонија. На фирмата Гранит и сум благодарен што ми овозможија да стекнам искуство. Работев на Објектот Аек, Граничен премин со Косово и спортска Салата МЗТ.
Не е едноставно да се работи, потребно е храброст бидејки работиш со луѓе. Треба да се внимава, голема одговорност,работиш со голема тонажа и по 12 тони.
Кога има ветер тогаш не е едноставно. Секоја работа си има своја тежина но ако ја сакаш работата тогаш се надминува се. Сега работам на 65 метри висина, а сум работел и на 81 метар.
Вели дека се работи се додека ветерот е со брзина до 65 км/ч. Тој открива дека нема положено за кола, но затоа пак има дозвола за кран и мерло телескоп.
Автор: С.С. Фото: Приватна архива.
Авторски текст од кој не смее да се превзема содржина без дозвола на редакцијата на Кластер.мк