Кирил со порака за гастербајтери шо додека биле дома не мрднале со малио прст

  • By admin
  • март 29, 2021
  • 0
  • 801 Views

Од година во година се повеќе наши сограѓани се решаваат да ја напушатар родната држава Македонија и среќата да си ја побарат некаде на друго место во светот.

Пред се се решаваат за држави од Европа, но и преку океанот. Како млади, така и постари со надеж за подобар живот заминуваат во странство.

Она што е појава се почесто а која може да се забележи на социјалните мрежи е дека дел од нашинците во дијаспората иако се далеку од Македонија, сепак будно следат се што се случува и реагираат често со свои коментари и мислења.

Денес на фејсбук се појави интересен статус кој што ја отсликува оваа појава, а Кирил Стоименов за ова напиша:

Па ќе кажам, прајте шо сакате у живото, само гледајте да не станете гастербајтери шо додека биле дома не мрднале со малио прст за да напраат нешто за општо добро, имале 0 соц-активности, живеале пасивни животи у сиромашките комфорт зони, ама затоа сега:

НЕ ПРОПУШТАТ ПРИЛИКА ДА ИСПЛУКАТ СЕ ШО МОЖЕ ДА СЕ ИСПЛУКА У РОДЕНАТА ЗЕМЈА, ДРЖАТ ПРЕДВАЊА И КУРСОВИ ЗА ПОНАШАЊЕ,

ГЛУМАТ ИЗНЕНАДЕНИ МАЈМУНИ У СТИЛО “АУУУУ КАКО Е МОЖНО X/Y СИТУАЦИИ ДА СЕ ДЕШАВАТ, ДЕКА ЖИВЕЕТЕ, ВУКОЈЕБИНА И СЛ.”

И АУТО-ШОВИНИСТИЧКИ И НИЗ МАЛОГРАГАНСКИ ЦИНИЗАМ СЕ ПРОСЕРАВАТ ВРЗ БИЛО КОЈА ПОЗИТИВНА ПРОМЕНА, ДЕМЕК “ДОБРО Е, ТЕКНА ВИ”

Медиокритетни деца на просеко шо од едншка имат свое мислење…Овоа важи од бауштелци па до доктори на науки…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.