(ВИДЕО) Шутка, Македонија е главен град на Турција

  • By admin
  • март 29, 2021
  • 0
  • 1144 Views

Турција се граничи со осум држави и излегува на четири мориња. На северозапад граничи со Бугарија, на запад со Грција, на североисток со Грузија, на исток со Ерменија, Азербејџан и Иран и со Ирак и Сирија на југ.

На север од државата се наоѓа Црното Море, на запад е Егејското Море, на северозапад е Мраморното Море, додека на југ е Средоземното Море. Мраморното Море, заедно со протоците Босфор и Дарданели ја сочинуваат природната граница меѓу европското и азиското турско копно.

Истанбул е најголемиот град во земјата, додека главен град Анкара кој се наоѓа во централниот дел на Анадолија. Околу 70 до 80 отсто од граѓаните на земјата се идентификуваат како Турци.

Курдите се најголемо малцинство. Големината на курдското население е предмет на расправа со проценки од 12 на 25 проценти од населението.

Во разни периоди во својата историја, регионот бил населен со различни цивилизации, вклучувајќи ги Асирците, Грците, Тракијците, Фригијците, Урартијците и Ерменците. Хеленизацијата започнала во ерата на Александар Велики и продолжила во времето на Византија.

Сигурно се прашувате зошто ги читате овие општи географски и историски податоци за Турција, држава која важи за голем пријател на Македонија.

Одговорот ќе го добиете во видеото подолу, а ова погоре напишаното е за да си научите ако не сакате и вие да бидете посрамени.

Еден од најпопуларните јутјубер на балканот, Србинот Чода направи анкета на улиците во Белград за која даваше пари доколку точно се одговори.

Едно од прашањата на Чода беше кој е главен град на Турција, а еден одговор привлече големо внимание. Едно дете од прашаните одговори со Шутка, а кога беше кажано дека е неточно имаше уште еден обид, овојпат кажа Македонија.

Моментот на видеото е од 7:25 минута

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *