Статус на фејсбук на Никола Груевски:
Дека една од целите на вчерашниот упад и хајка на репре сивните органи на власта во моето живеалиште во Скопје била и дефокусирање на јавноста, се десетиците натписи со лажни вести на порталите блиски до власта, претпоставувам пласирани од толпата луѓе кои во сред пандемија вчера од рано утрото го возне мирувале моето семејство и харале по мојот дом во Скопје, или пак од нивните претпоставени.
Ова е трето по ред од моето заминување од Македонија. Тука не ги сметам периодичните, на неколку месеци доаѓања на полицаец во униформира само за да праша дали сум дома. Последен пат пред околу три-четири месеци.
Најновата лажна вест е дека пронашле ору жје без дозвола. Тоа е неточно. Моите четири пишт оли се со дозвола издадена од МВР и на местото каде можеле да ги пронајдат беше и дозволата за нив.
Таа дозвола беше важечка во моментот кога заминав од Македонија со цел да побарам политички азил заради политичкиот прогон на власта.
Подоцна, по моето заминување можеби рокот на дозволата истекол, но јас не сум во Македонија и не сум во можност да барам продолжување на рокот на дозволата за оруж јето. Оруж јето заедно со дозволата и муниц ијата со документи за набавка на истата, пред се за случајно да не дојдат во раце на децата, беа сместени во мал заклучен сеф, користен само за тоа, така што никој друг неможеше да има пристап до истото.
Десетици други наслови со лажни вести во режимските медиуми само ми потврдија дека политичкиот пр огон и хај ката кон мене не само што не запреле туку добиле на интензитет.
“Пронајдени нови три стана на Груевски”, “Груевски имал шест стана” , “откриен стан во Аеродром”, “Едниот стан бил на секретарка на Груевски” и ред други наслови се дел од обидот за медиумски ли нч преку пласирање лажни вести во медиуми кои вообичаено пласираат лажни вести за мене, кои веќе престанав и да ги коментирам и демантирам.
Покрај другото, како и во другите случаи на СЈО/ОЈО обидот е со давање на не точни информации и тези на медиумите, или пак информации кои се службена тајна во истрагите, истите да се претворат во медиумски обвинител а потоа медиумски суд, и во судницата судијата под притисок на медиумите и јавноста да нема избор освен да донесе осудителна пресуда и така да ги задоволи власта, контролираните од власта медиуми и јавноста доведена во заблуда.
“Секретарката на Груевски” преку ноќ се трансформира во “секретарка на некој бизнисмен близок на Груевски”. А не се пишува дали таа секретарка и тој бизнисмен воопшто се познавале со мене во тоа време.
Не ни очекувам да кажат какви упади, инспекции и у цени се правени врз многу бизнисмени и други лица, дел од нив и кои не ги познавам за да се принудат да станат алатка на прогонот кон мене.
Се споменуваат уметнички слики а не се споменува дека сите се пријавени во анкетниот лист и безмалку сите од домашни автори и со ниски цени, поголем дел добиени и како поклон за свадба.
Се пишува дека обезбедиле вербални и матерјални докази против мене за овој случај. Вербални може да обезбедат преку уц ена на лица по нивната слобода, семејство и имот и принудување на лажно сведочење, но матерјални докази не постојат и доколку ги имаат веднаш нека ги објават, кога веќе го одбрале тој пат.
Ова што прават е по теркот на 1949та година и потсетува на филмот “Среќна нова 49та”.
Дури одат и до таму дека непосредно пред да заминам сум потпишал договор за закуп на двата стана за да не плаќам закуп, а не објаснуваат дека согласно тој договор извршена е инвестиција во тие изнајмени станови која одреден период се одбива од ратите за закупот и тоа е во време кога сеуште немав правосилна пресуда на судот и сеуште се надевав на правда, па сите планови ми беа поврзани со мојот дом.
Сега очекувам со денови и недели, па и со месеци, медиумите блиски на власта по стотици пати да ги повторуваат лажните вести во специјални емисии на темата, во вестите, преку изјави на платени аналитичари и новинари под контрола или платени од власта, квази експерти, преставници на дел од НВО и други апологети на режимот на власт.
Репр есивните органи на власта за жал веќе оддамна се претворени во општински организации на СДСМ кои исклучиво се занимаваат (освен во случај на јавен притисок, како на пример во случајот Рек ет) со прогон на неистомислениците на власта и наместо опстанок на власта со работа, дела, реформи и резултати, нивната борба е преку политички прогон. Правда со оваа власт нема и нема да има. Мир барем засега има.
Но, со репр есија, втерување страв кај народот, со прогони, апсе ња, претреси, истраги, монтирани обвиненија, нарачани пресуди, контрола на судиите, хајки по политичари, бизнисмени, новинари, но и по обични незадоволни граѓани.
Во моето живеалиште во Скопје не исклучувам нов упад, затоа што од она што сум информиран, постојано кружат преставници на МВР во цивил, а дел од нив и снимаат.