И спортската сала Борис Трајковски со своите капацитети се става во борба со вирусот

  • By admin
  • март 24, 2021
  • 0
  • 1096 Views

Според извештајот на Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 4.096 тестирања, а регистрирани се 1.347 нови случаи на ковид-19. Билансот по градови изнесува:

Скопје има 643, Куманово – 90, Прилеп – 85, Велес – 61, Охрид – 56, Битола – 50, Кавадарци – 47, Тетово – 40, Гостивар – 35, Гевгелија – 34, Штип – 30, Струмица – 25, Неготино – 19, Кочани – 15, Кичево – 13, Радовиш – 12, Пробиштип –8, Струга, Крива Паланка, Ресен, Делчево, Виница и Валандово – по 7, Свети Николе, Дебар и Македонски Брод – по 6, Берово, Богданци, Демир Капија и Демир Хисар – по 4, Крушево и Пехчево – по 3, Кратово – 2.

Исто така регистрирани се 451 оздравени пациенти од:

Скопје – 245, Прилеп – 40, Кавадарци – 23, Гевгелија – 19, Штип – 17, Неготино – 16, Кочани – 12, Тетово и Велес – по 11, Гостивар и Струмица – по 10, Куманово – 9, Битола – 7, Демир Капија – 5, Берово – 4, Пробиштип и Богданци – по 3, Кратово – 2, Ресен, Дебар, Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Направени се 4.096 тестови преку: ИЈЗ-941, ЦЈЗ Скопје-116, ЦЈЗ Битола-116, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-13, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија – 74, Жан Митрев (Филип Втори)-221, Авицена-329, Биотек-334, Систина-255, лабораторија Лаор–219, Синлаб-97, Ремедика-42, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1355.

Во исто време се полнат болничките капацитети, а од најавените вакцини се уште нема ништо.

Покрај здравствените домови, Министерството за здравство размислува во спортската сала „Борис Трајковски“ да се спроведува масовната вакцинација откако ќе пристигнат вакцините.

„Освен системот кој планираме вакинацијата да се спроверуда преку здравствените домови, планирам планираме уште еден објект, најверојатно салата Борис Трајковски, каде што на повеќе пунктови на едно место ќе се спроведува масовната вакцинација“, изјави министерот за здравство Венко Филипче за Телма.

До крајот на март се очекува во земјава да пристигна и втората пратка на вакцини од Русија, Спутник В со што ќе се обезбедат вакцини за ревакцинација на 3000-те медицински работници кои веќе ја примија првата доза.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *