Иако видел само темнина од раѓањето, неговиот поглед на светот никогаш не е мрачен, напротив исполнет со предизвици и убавини, тоа е Мирослав Јовановиќ.
Како што истакна Мирослав, за него најголем успех е да има исполнет и среќен живот, а во текстото подолу ќе се увериме.
– За мене успех е да имаш исполнет живот, среќен живот, голем број пријатели, семејство, дете, сопруга и едноставно да се биде професионално остварен.
– Да се занимаваш со работа што ја сакаш. Се обидов да направам се што можам, како луѓето со вид, само за да го прилагодам животот на свој начин – изјави Мирослав.
Веќе има положено многу животни испити, а годинава и судски, па сега е адвокат, а исто така сето тоа му оди успешно и има многу клиенти.
– Имав ситуација пред 5, 6 дена кога ми дојде клиент со барање да му склучам договор, ништо претешко сега за мене и невообичајно.
– Човекот седеше и буквално зачудено гледаше што правам, не му беше јасно… Пишував, а гласовната програма малку се слушаше и кога завршив му испечатив три примероци.
Човекот седеше зачудено, рече дека никогаш не го видел ова и буквално не му се веруваше- изјави Мирослав во емисијата „Ек сплозив“.
Мирослав најголемиот дел од работата ја работи сам, но кога му треба помош, сопругата му помага. Кога се заедно, велат дека можат се.
– Апсолутно ништо не ни е тешко, навикнати сме еден на друг. Работи толку добро со оглед на околностите, никогаш не би помислил дека има хенд икеп бидејќи е толку позитивен и енергичен – изјавила неговата сопруга.