Хамди носи дрва за да преживее и вели: Ќе ја дадам и козата и коњот само за да ме вработат

  • By klaster2
  • декември 1, 2022
  • 0
  • 178 Views

Живееме во тежок период, актулените светски случувања придонесоа за голема економска кри за, во која се засегнати многу граѓани.

Сиромаштијата е се поголема а и расте бројот на населението кое едвај сврзува крај со крај и се прашува како ќе помине следниот ден.

Еден таков пример е и Хамди Рамуљ, човек кој е татко на пет деца, и не може да најде постојана работа, приморан е да носи дрва за да преживее.

Тој оча јно бара работа со која би имал стабилни приходи и им овозможил достоен живот на него и на неговото семејство.

Затоа решил да понуди награда за некој да му договори вработување во фирма каде и тој ќе има осигурување бидејќи е татко на пет деца.

Хамди оди во шума да сече дрва, но се потешко се одвива тоа, бидејќи санкциите се се поголеми а и чуварите го прого нуваат.

Тој бил осум дена зад решетки поради бесправна сеча на шума. Затоа сега решава да го подари коњот или козата за оној кој ќе му посреди вработување.

– Барам работа за стално, работам каде ќе ме викнат но тоа е ретко, немам стабилна работа и приморан сум да одам во шумата.

– Ако некој ме вработи и се осигурам, ќе дадам коза и коњ, се што имам само за да се вработам, додава Хамди пред тамошните медиуми.

Тој додава дека многумина сакаат да го искористат и го ангажираат работи и потоа не му плаќаат или си подигруваат со него.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *