(ФОТО) Мери Николова Буџаку со пофалби за Бујар Османи и луѓето околу него

  • By admin
  • октомври 6, 2022
  • 0
  • 339 Views

Како што е познато Бујар Османи е долгогодишен македонски политичар кој во моментов ја извршува функцијата Министер за надворешни работи на Република Македонија.

Османи дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје во 2004 година. Дел од својата специјализација ја завршува во Лондон, Обединетото Кралство во периодот 2006-2007 година, додека од 2012 година се стекнува со звање специјалист хирург.

Од 2014 е докторант на Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде докторира во јули 2018 година.

Своето работно искуство го започнал во 2004 година како доктор на медицина на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Во 2008 година е назначен како министер за здравство на Република Македонија и таа функција ја извршува се до 2011 година. Од 2011 година е Специјалист хирург во Универзитетска Клиника за Дигестивна хир ургија во Скопје.

Во 2011 исто така е назначен за Секретар за комуникација со јавност при претседателството на Демократската Унија за Интеграција.

Од јуни 2017 година е назначен како Заменик претседател на Влада задолжен за европски прашања.

Како предводник на Секретаријатот за европски прашања, Османи воедно ја извршуваше и функцијата Национален координатор за распределба на странска помош и ИПА фондови во земјата.

Мери Николова Буџаку е добро позната на македонската политичка сцена и своевремено важеше за голема активистка на СДСМ. Дополнително интересна за јавноста стана кога се омажи со Агрон Буџаку,

Николова Буџаку е доста активна на социјалните мрежи, па така беше и овојпат кога се огласи на својот профил на фејсбук каде напиша:

Министерот Бујар Османи го има најдобриот тим на соработници на чело со младиот и перспективен Шеф на кабинет Мемет Жаку.

Љубезност, насмевка, професионалност во сите сектори. Ви благодариме и само така продолжете. Припремите во завршна фаза Агрон Буџаку само здравје ти посакувам!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.