За Тамара Тодевска не е потребно да се трожат премногу зборови. Како на домашна сцена, таа важи позната и во регионот.
Тамара Тодевска е родена на во музичко семејство. Сестра е на пејачката Тијана Дапчевиќ. Мажена е со кошаркарот Александар Димитровски и заедно имаат две деца.
Тамара своето слободно време сака да го поминува во кругот на своето семејство, па така секогаш има прилика „бега“ од обврските и активностите и се препушта на семејната идила.
Освен музиката, нејзините деца Хана и Дарен, како и сопругот и ги полнат батериите, а таа често истакнува колку и се важни во нејзиниот живот, па нивните заеднички дружења им донесуваат спомени кои ќе ги паметат.
Со секој свој настап докажува зошто е на врвот на македонска музичка сцена. Силниот глас и енергија се карактеристични за нашата поп дива.
Таа ги изненади фановите, враќајки се на стариот имиџ, со нејзината кратка фризура со шишки кои беа препознатлив нејзин дел пред десетина години.
– Имав цели три години огромна пауза, но овде ми е најубаво кога пеам пред скопската публика, овде израснав и имам верни обожаватели.
Моментално одлучив да ја променам фризурата, седев на фризер и си реков да направам промена после скоро 10 години, вели Тамара пред камерите на „Бекстејџ”.
– Долго време важев за некој што доцнеше и тоа некако оставаше лоша репутација, но сега се сменив, особено после ,,Евровизија”.
Мислам дека во минатото времето сум го изгубила на небитни работи во животот и не сум се посветила 100 проценти, вели Тодевска во ,,Еден на Еден”.
Она што е најново за Тамара е веста дека на меѓународниот фестивал „Најдоброто од Румели 2022“ што вчеравечер се одржа во Истанбул, Турција ја доби наградата за „Пејачка од Македонија“.
Уште една награда на која сум особено горда и среќна. Благодарам “Best of Rumeli 2022”. Секое признание ми е важно, затоа што е потврда дека имаме квалитетна музика која е препознаена и вреднувана и надвор од Македонија.