Шоферот Ѓорги: Сум носел се и сешто од зимници нагоре за Италија и Германија, ама пред некој ден и јас останав без текст

  • By admin
  • октомври 4, 2022
  • 0
  • 373 Views

Поминаа летниот одмор, а зо тоа и годишнити одмор на многумина наши иселеници кои веќе се вратија на своите работни позиции на запад, пред се по Италија и Германија.

Многумина од нив со оглед на тоа што беа релативно рано, во јули и авгус, не успеаа да си приготват зимници кои таму или чинат скапо или ги нема.

Па така нивнит роди, мајки, баби, стрини, тетки периодов и подготвуват, пакуваа и полека но сигурно една по една испраќаат за своите сакани.

Шоферот на автобус Ѓорги Г. кој оваа работа ја работи веќе повеќе од една деценија реши да сподели едно свеое сведоштво за нашите читатели.

-Секоја работа како работа си има своја тежина, па така и оваа, но сполај му на горниот, добро е платена и би грешел душа да се пожалам.

Си работам од дневница, поточно од тура или за плата. Си има газда на автобусите кој си ја тера цела друга работа и од тој аспект не мислам организациски, мое е да земам воланот и да возам.

Едно време возев патници за Италија, но во последните години нашата компанија се преориентираше кон Германија со оглед на тоа што се зголеми бројот на нашинци таму.

Сега полека но сигурно наближува периодот кога бројот на патници се намалува со оглед што веќе сите се качија нагоре, а родниите кои одат на гости тоа го прават за новогодишните и божиќните празници. И студентите се вратија од сезонска работа, па така автубсите се полупразни.

Но од друга страна започна перидот на праќање пратки, па така багашниците се полни и буквално крцаат. Секако газдата си има бенефит и од ова, си наплаќа од пратка, пакет и слично.

Низ годините наназад сум бил сведок на најразличен вид пратки што нашите од тука ги испраќаат за своите во дијаспората, но пред некој ден и јас останав без текст кога видов што праќаат.

Доаѓа кола пикап, ми велат здрав, здраво, сакаме да испратиме до Германија една пратка. Им велам во ред, толку и толку е цената од куфер, кутија, ќеса, вреќа.

И овде почнува муабетот. Ми велат, аа не, ништо од тоа не е. Им вела е што е ајде баш да видам. Ме водат до колата, го отвараат багашникот и има што да видам.

Две буриња од по 40 литри. Буквално останувам без текст и низ глава ми помина еден куп работи. Пробувам да останам професионален и прибран и ги прашувам, а што тоа има. Ми велат, во едното е туршија, а во другото ставивме тегли со ајвар, пиџур, компот и мармалад.

Веднаш културно им објаснувам дека нема шанси ова да го качам во автобус, едноставно неизводливо е. Почнуваат да ме разубедуваат, ќе платиме, па зошто да не, – ги праќам кај газдата каде што го добиваат истиот одговор.

Обработил: А.Л. Фото: Илустрација.

Авторски текст кој не смее да биде објавен или превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *