(ФОТО) Јавноста малку знае за нејзе, а Премиерот не ја експонира – Елена, сопругата на Димитар Ковачевски е вистинска убавица

  • By admin
  • септември 22, 2022
  • 0
  • 386 Views

Димитар Ковачевски актуелниот Премиер на Македонија кој на оваа фунцкија е од 16 јануари 2022 година својот приватен живто го држи далеку од очите на јавноста.

За разлика од својот претходни и сопартиец Зоран Заев кој немаше ништо против да зборува за својот приватен живот, па честопати угостуваше и телевизиски екипи во својот дом.

Заеви и неговото семејство, сопругата и децата исто така беа доста експонирани во јавноста, но тоа не е случај со неговиот наследник Ковачевски.

Пошироката јавноста за популарниот Таче, односно неговото семејство малку знае, а секако тук станува збор за неговата понежна половина.

Сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, Елена, за прв пат откако е тој на функција имаше протоколарно појавување во јавност.

Во Њујорк таа присуствуваше на прием организиран од првата дама на Турција Емине Ердоган во рамките на промоција на иницијативата ,,Нула отпад”, а го придружува Ковачевски на Генералното собрание на Обединетите нации.

Елена Ковачевска, сопругата на премиерот Димитар Ковачевски вчера присуствуваше на прием организиран од Првата дама на Турција, г-ѓа Емине Ердоган.

Ковачевска на приемот на кој меѓу другите, присуствуваа и првите дами на Франција, Латвија, Јужна Кореја, Естонија, Литванија, се вклучи во иницијативата „Нула отпад“ на првата дама на Турција г-ѓа Ердоган.

Оваа иницијатива на г-ѓа Емине Ердоган, цели кон целосно елиминирање на отпадот, заштита на животната средина со цел да се остави свет со чиста животна средина за идните генерации.

Ковачевска на приемот блесна во фустан со интересна бургунди боја, креација на Тања Кокев од последната колекција 2021/ 2022.

Се чини дека на Елена Ковачевска и прилега и бојата и кројот на оваа креација каде софистицираноста доаѓа од спојот на едноставноста со смелата боја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.