(ФОТО) Синот на Кочо Анѓушев правеше свадба – наша позната пејачка ја направи атмосферата незаборавна

  • By klaster3
  • септември 18, 2022
  • 0
  • 521 Views

Како што е познато Кочо Анѓушев е еден од најпознатите бизнисмени во Македонија. Сопственик е на индустрискиот погон „Брако“, во периодот 2000–2002 бил помошник на генералниот директор за производство и управување во Електростопанство на Македонија.

Во 2003 ја основа фирмата „Фероинвест“ која доби концесија врз 21 хидроелектрана во Македонија. Освен тоа, Анѓушев е и поранешен вицепремиер за економски прашања. Во 2014та година списанието Форбс го прогласи за еден од петте најбогати Македонци.

Неговиот син Огнен Анѓушев веќе ги следи стапките на својот татко и основа свој бизнис, влегува во модниот пазар, а во своето интервју откри дека уште како мал ја негувал оваа пасија.

Неговото прво работно место било како магационер во „Брако“. Според Огнен, неговите родители функционираат и ги воспитуваат него и брат му на база на заслуги. За се што ќе добиеш треба да бидеш заслужен, па така и за работното место.

Пред извесно време го стартуваше неговиот моден бренд „ЗЕРО“ кој ќе нуди гардероба за жени, а неговата продавница е сместена во центарот на Скопје.

– Името „ЗЕРО“ е всушност произлезено од италијанскиот број нула, што значи дека во нашиот бренд нема годишни граници. Нема граници на слаби, покрупни девојки, може секој да си најде свое соодветно парче и во него да се чувствува сигурно.

На тој начин успеав да се усовршам во тоа што сакам да го правам и штом се вратив во Македонија одлучив да го отворам овој моден бренд.

Сметам дека, како и секаде во светот, има луѓе кои знаат добро да се облечат и има луѓе кои не знаат толку добро, но тоа е нормално не можат сите да знаат се.

Според мене во модата нема грешка, може добро да изгледате и лошо да изгледате, секој си одлучува како ќе се облече. Според мене тоа не е грешка туку е само личен стил, изјави Огнен за Бекстејџ.

– Јас имам 21 година, а веќе имам оформено семејство и сум реализиран како татко, така што доколку сте амбициозни, работливи и имате јасна цел можете да постигнете се‘, вели тој.

Огнен и неговата сега официјално сопруга, Марта, вчера правеа свадбена прослава со венчавка, па голем дел од нашите познати личности беа присутни на прославата.

Свеченоста се одржа во ресторанот Александар Палас а почесен музички гостин беше познатата млада македонска пејачка Антонија Гиговска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.