Веќе на големо започна сезоната за подготовка на зимници, а тука пред се се мисли на традиционалниот ајвар чиј мирис веќе започна да се чувствува во речиси секое мало.
И покрај поскапувањата на дрвото, маслото за јадење, како и самата пиперка, ајварка, сепак грото македонски фамилии не се откажуваат. Можеби ќе направат некое кило или тегла помалку, но сепак ќе има ајвар.
Земјоделците и сезонава произведоа доволно ајварка иако не се задоволно со откупните цени кои што се во моментов.
Сепак на пазарите ајварката ја има во солидни количини и изборот е голем, а цените вариираат, иако се движат околу 50 денари од килограм.
Домаќинката Снежана С. од источниот дел на Македонија со цел да посведочи, но и да предупреди други, реши да сподели со што се соочила.
Сопругот ми замина на сезонска работа во Италија, па со малиот син заминав на пазар да си купам ајварка за да направам ајвар.
Отидов релативно рано, околу 8 часот наутра за да си одберам пред да се потроши оној поубавиот пипер и истото го сторив. Пиперот спакува во вреќи, дел од нив отворени, дел од нив заврзани.
Прашувам колку е пиперот, ми велат 50 денари од килограм и притоа велат секоја вреќа е од 30 килограми. Ги мерат пред мене и навистина 30 килограми. Им велам дајте ми три вреќички, тоа се 90 девеесет килограми.
Си одам дома и како нешто да ми вели, ај пак да ги премерам вреќичките, да видам дали навистина се толку килограми или око ме ла же. Ставам на вагата една, па друга, па и третата.
И што да видам, во секоја фали од 4 до 5 килограми. Тоа се околу 15 килограми минус во однос на цената што ја платив или во пари околу 700 денари.
Ги ставам во кола и право на пазарот од каде што ги купив, а има и што да видам. Продавачите со камиончето веќе ги нема, а таму уште две изиграни семејства кои исто како мене увидели дека им фали пипер кој го платиле.
Потоа од разговор со околните продавачи на други продукти ни велат дека тоа и е стандар шема, а ако некој муштерија ги затече додека се уште се таму може да поминат и по ло шо.
Каде виновни, па дури продавачите, инаку трговци се силат на муштериите со висок тон и не долично однесувања.
Обработил: С.А. Фото: Илустрација.
Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк