Младата Струмичанка Сара секоја своја парична награда ја донира во хуманитарни цели

  • By admin
  • септември 13, 2022
  • 0
  • 299 Views

Актуелниот градоначалник на Општина Струмица, Коста Костадинов знае како често да биде актуелен во јавноста, нешто што дефинитивно му оди од рака.

На Локалните избори кои се одржале на 17 октомври 2021 година, Костадинов како кандидат за градоначалник на Општина Струмица од редовите на СДСМ победил во првиот круг на гласање со освоени 53,70% од гласовите

Тој иако е релативно млад, веќе е добро етаблиран на политичката сцена каде што беше и пратеник и извршуваше уште неколку функции.

Овојпат Костадинов во својот кабинет во Општина Струмица приме едно младо, но веќе успешно девојче за кое што кажа:

Јас сум горд градоначалник со такви млади луѓе каква што е Сара Витанова.

Млада пијанистка од Струмица која покрај огромните интернационални успеси, ја докажува суштината и смислата за тоа што значи да се биде човек, ама во вистинската смисла на зборот, во време кога тоа е практично најтешко за постигнување.

Во ова време на кри зи, младата Сара ја донира секоја своја освоена парична награда за хуманитарни цели.

Сара е пример за млада успешна девојка и пушта јасна порака и до помладите и до повозрасните за тоа како вистински се сака Струмица.

Драга Сара, продолжи по патот по кој одиш, толку млада а веќе формирана комплетна личност. Струмица е горда со тебе

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.