(ФОТО) Ќерката на Алачки започна бизнис – мама Адријана не можеше да ја сокрие радоста

  • By klaster3
  • септември 10, 2022
  • 0
  • 470 Views

Долги години Адријана Алачки важеше за позната македонска пејачка, но сега најмногу ја препознаваат како водителка, но како и да со години наназад остана да биде добро препознатлив лик пред тв камерите.

Адријана Алачка од пејачка, се префрли во водителството и продолжи како ТВ водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“.

Токму емисија „Вкусот на традицијата“ е нешто по кое ја препознаваат и важи за заштитно лице. Алачки често на Фејсбук споделува моменти од снимањето на емисијата во кое е очигледно дека ужива.

Освен како успешна пејачка и автор на емисијарта „Вкусот на традицијата“, Алачки е позната и како автор на книгата „Македонски традиционален готвач“. Неодамна, таа најави дека наскоро ќе излезе и второто издание.

На приватен план Адријана Алачки од 25-годишниот брак со Горан Алачки ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана.

Грациела од 2014 година е во брак со хармоникашот Игор Димовски кој е еден од нашите најдобри хармоникаши. Тој е ученик токму на таткото на Грациела, Горан Алачки, и ужива изведувајќи македонска народна музика.

Познатата водителка и пејачка е горда на своите деца, а во една пригода за својата ќерка напиша:

„Граци сине, ти си мојата причина за среќа и за постоење. Ти си мојот најголем успех. Доаѓам во состојба, од она тоа што си ТИ денес: човек, мајка, сопруга, реализирана професионално, да учам јас од тебе сине.

Си ги препознавам моите успеси и грешки следејќи те тебе како мајка, како жена, со сите вредности. Можам да кажам со еден збор, ти благодарам ќерко моја што со крената глава одам секаде.“

Алачки повторно сподели на социјалните мрежи колку многу се гордее со нејзините деца. Имено, нејзината ќерка и зет станаа сопственици на салон за мебел.

По повод отварањето на салонот вчеравечер имаше забава каде што гостите ги забавуваше маестро Игор Димовски и рефрените од „Пауза за Ракија“ со неговиот оркестар.

„Среќата на моите деца е мојата најголема среќа, од денес имаат уште еден дом Faydahome, чии производи ќе станат дел од многу други… честитки златни мои, браво за Вас и Вашите соработници“, напиша Алачки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.