Филип пред 5 години заминал од Македонија и станал газда во САД – а сега отвори фирма и во роден Охрид

  • By admin
  • септември 10, 2022
  • 0
  • 380 Views

Младиот Филип Миленкоски од Охрид, веќе пет години живее во Чикаго САД, каде работи како возач на камиони. Првите две години работи за други, но потоа отвара своја компанија.

Филип вели на почетокот не било воопшто лесно, но оти со многу труд, работа и желба, може да се постигне успех.

„Тешка работа е. Не може секој да ја работи. Тоа се многу часови возење, работа. Тоа се 24 часови работа. Може да се случи да не се вратиш дома и по 2-3 недели“, вели Миленкоски.

Филип е само еден од многуте Македонци во Америка, кои се одлучуваат да ја работат оваа работа, која бара голема пожртвуваност, отсуство од дома со денови и недели.

„Има потреба од камионџии затоа што секоја година, бидејќи транспортот е во пораст, со што треба и повеќе камиони и луѓе кои што ќе возат.

Од Македонија има многу луѓе што влегле во тој бизнис и работат како камионџии или имаат свои компании. 70 проценти од компаниите се наши луѓе, Срби, Македонци, Бугари“, додава тој.

Од неодамна Филип, заедно со уште двајца Македонци во САД, отворија своја компанија и во Охрид, која претставува логистика и поддршка на компанијата во САД. За сега компанијата е мала со двајца вработени, но планот е нивниот број да се зголемува.

„На некој начин им помагаме на нашите млади луѓе тука, кои што бараат работа. Платите се сосема солидни“, вели Миленкоски.

„Контакт со брокери, пронаоѓање тури за шоферите, склопување договор со нив. Потоа тие праќаат вид на конфирмации, со кои потврдуваат дека ги имаме тие тури.

Тие конфирмации се праќаат до шоферите и се внесуваат во системи преку кои работиме. Работата не е тешка, но е многу обемна“, вели Бојан Робески.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Гласот на Aмерика на македонски јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *