(ФОТО) Ирена Спасовска се пофали дека животот и е убав и наздрави – и се редеа честитки од фановите

  • By klaster3
  • септември 9, 2022
  • 0
  • 302 Views

Една од најдобрите македонската фолк пејачка Ирена Спасовска која долги години опстојува на сцената знае да ужива во секој ден од животот, а доказ за тоа се фотографиите и видеата на нејзините социјални мрежи.

Спасовска на македонската музичка сцена е присутна повеќе од 30 години, нејзината кариера започнала уште од далечната 1989 година, па може да се каже дека Ирена има свое реноме во фолк-музиката.

Нејзините почетоци се заедно со Горан и Адријана Алачки. Триото кое редеше успеси во периодот од 1987 до 1994 годин додека постоеше.

Настапуваа на сите фестивали и манифестации во Македонија во тој период. Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов.

– На 16 години веќе бев најмалиот учесник на Фолк-фест Валандово во 1988 година, го имавме заедничкиот настап со Адријана, и сето тоа со молскавична светлина некако се одвиваше, и мислам дека до 20 години веќе го прошетав цел свет.

Ирена и Адријана беа специфични по имиџот, за секој настап беа облечени во впечатлива креација. Потоа тројцата заминаа по својот пат, а Ирена ѝ се посвети на музичката кариера, но веќе извесно време добро ѝ оди и на социјалните мрежи.

-Во времето кога јас почнував се почнуваше со оние стари, македонски песни, но јас кога почнав на 14 години во тоа време беше срамно да се каже дека пееш народно, и почнав забавно и набргу видов дека забавното некако не ме влече, и почнав од 15 години да си снимам народни песни.

Ирена ужива да патува, а често посетува егзотични места за време на летото. На почетокот на летото Спасовска веќе беше на одмор.

Пејачите особено оние кои пеат фолк песни се најангажирани за време на летото, кога има најмногу свадбени прослави. Па така тогаш слободниот период Ирена реши да го помине во луксузната дестинација Хургада во Египет.

Но, за Иренче овој ден е посебен затоа што денес слави роденден, па по тој повод на социјалните мрежи си сподели фотографија за која напиша:

Животе убав си. Денов е мој. Пола век исполнет не само со години, туку со живот во годините. Фала ти господе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.