(ФОТО) Емотивен ден за Билјана Дебарлиева: Се збогуваше од Канал 5 и од колегите

  • By admin
  • септември 9, 2022
  • 0
  • 304 Views

Безмалку секој ден Билјана Дебарлиева имаме можност да ја гледаме на малите екранте, нешто што е случај веќе со години наназад.

Биле со својот шарм, непосредност и природна убавина, низ годините ја задржа својата автентичност пред гледачите, а со текот на времето како да подмладува.

За младешкиот изглед и за коментарите дека изгледа доста помлада од возраста, таа раскажува дека во поглед на негата нема нешто што посебно би го издвоила, освен оние вообичаени утрински и вечерни ритуали на нега на кожата со препарати што одговараат на нејзиниот тип кожа и на годините.

Билјана jа гази петтата деценија од животот, но тоа не би го рекле за неа според нејзиниот физички изглед.Плени со својата убавина, нежност и неверојатна харизма.

„Во години сум кога се појавуваат и првите знаци на стареење на кожата, првите брчки, но ништо од тоа не ме плаши, туку ги прифаќам како еден природен животен тек и гледам колку што можам да го забавам тој процес.

Знам да си помислам, што ќе биде по 5 или 10 години, ќе бидам ли како оние жени кои изгледаат убаво и негувано и во својата 6-та или 7-ма деценија? Ама уште е рано за да се оптоварувам со такви мисли, си го живеам мигот и моментот и убаво се чувствувам.

Таа е една и од ретките кои го негуваат македонскиот литературен јазик преку совршеното изговарање на зборовите додека ги презентира дневните вести.

Дебарлиева својата кариера ја започна многу млада на Македонската телевизија, а оттогаш во нејзината кариера продолжи да работи на различни проекти. Брои скоро 30 години активна работа на телевизиските екрани.

– Прво кога почнав имаше најава и одјава на програма, ние бевме тогаш најавувачки. Тоа беше првиот чекор, ама многу брзо после тоа – после еден месец, почнав во утринската Добро утро Македонијо како водител.

Не знаев ништо, знаев само да прочитам денеска во 17:05 или во 19 часот ќе бидат вестите и ми велат сега ќе бидеш водителка. Добро, седнав на тоа столче, ми беше чудно, бев малтене како изгубена, седната и еден глас тивок, нежен.

Бев многу исплашена на 22 години. Во тоа време и Татјана беше, Ирена Спировска, Маја Вуќичевиќ, Емилија Димитровска и така некако после сите тие си најдоа свој пат, ние трите останавме и продолживме.

ТВ Кростозбор во 96та беше како што велеа, од 7 до 77, во 19 часот навечер почнуваше ТВ Крстозбор, немаше кој не го гледаше.

Наместо да решаваш во котелец или во весник, тоа беше многу убав телевизиски проект, раскажа Дебарлиева за Г-Карпет.

Денеска беше моето последно појавување на фрекфенцијата на Канал 5 ТВ, медиум кој ми ја даде довербата во изминативе 11 години.

Ви благодарам за досегашната соработка, а благодарност и до Вас драги колеги за сите убави зборови, насмевки, шеги и уживањето во утринскиот ритуал на пиење кафе. До нешто следно… ќе ми фалите

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *