Никола Груевски: Постојат само две личности чие име сите ги потсеќа и асоцира на Македонијa

  • By klaster3
  • септември 4, 2022
  • 0
  • 278 Views

Доцна вечерва екс премиерот Никола Груевски имаше свое обраќање до македонската јавност преку Фејсбук статус во кој напиша:

Приватно или службено низ животот имам патувано во многу држави низ светот на сите населени континенти и имам сретнато многу луѓе, од обични луѓе на улица или во кафетерија до врвот на државните и општествените елити.

Постојат само две личности кои може да се поврзат со Македонија а кои ги знаат низ целиот свет или речиси целиот свет. Само две личности чие име веднаш сите ги потсеќа и ги асоцира на Македонија.

И обратно, кога ќе се спомне името Македонија првата асоцијација за нив се тие две личности или барем едната од нив, особено надвор од регионот на југоисточна Европа. Тоа се Александар Македонски и Мајка Тереза.

Мајка Тереза и Александар Македонски имаат планетарна препознатливост и би рекол слава. За Александар Македонски познат е на сите овој факт, но многумина во Македонија не знаат дека Гонџа Бојаџиу – подоцна во црквата и мисионерската работа позната како Мајка Тереза има на таков степен препознатливост, слава, почит и восхит низ целиот свет.

За така мала држава како Македонија, два вакви лика и не се малку. Има многу поголеми земји од Македонија кои немаат ниту еден толку многу препознатлив и славен лик на светско ново и на многу долг рок, вечно.

За Мајка Тереза ми говореа и искажуваа инспирација од нејзиниот живот и дело многу сенатори и конгресмени во САД, а дел од нив нејзината слика ја имаа на нивното биро или некаде закачена на ѕидот во канцеларијата.

Почитта кон неа во светот е толку голема што кога држевме презентација пред поголем број инвеститори во далечни земји, знаев во почетокот на воведниот говор преставувајки ја Македонија да спомнам дека Македонија и главниот град Скопје е земјата и градот каде е родена, израсната и образована Мајка Тереза пред да го започне своето мисионерство. Секогаш имаше многу позитивна реакција.

Кога слетав во Калкута на средба со еден крупен инвеститор, низ улиците на Калкута забележав билборди со ликот на Мајка Тереза, во рамките на некоја медиумска кампања во тоа време.

Нејзината прикзна е едноставна и истовремено многу голема. Израснала во христијанско католичко и етнички албанско семејство во Скопје, се школувала најпрвин во католичко а потоа во државно училиште. Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да се помогне на секој на кој му е потребна помош.

Таа не е само добитничката на Нобелова награда за мир и светица во катиличката христијанска црква. Во текот на својот живот, Мајка Тереза, за својата хуманитарна работа, има добиено повеќе од 700 награди и се смета за најнаградуваната личност на XX век.

Конечно во 2016 година на 4 септември папата во Ватикан го призна второто чудо на Мајка Тереза и ја прогласи за светица во католичката црква, настан на кој и јас со задоволство присуствував во Македонската делегација покрај која имаше државни делегации на уште 15 други држави и стотици илјади присутни на плоштадот во Ватикан.

Низ годините забележав дека токму во Македонија таа е помалку позната и призната одколку низ светот. Од тие причини се направија многу нешта кои го афирмираа нејзиното име и дело.

Од пригодни манифестации на различни јубилеи поврзани со неа, па до изградба на спомен куќа на Мајка Тереза во центарот на Скопје на улицата Македонија која функционира како музеј кој е многу посетен од странските туристи,

па до именување на обиколницата околу Скопје по нејзиното име, автопатот од Скопје до Охрид, Клиничкиот центар Мајка Тереза, булеварот Водњанска го доби нејзиното име а доби и име на плоштад, оној меѓу македонската опера и балет, филхрамонијата, Министерството за надворешни работи, народната банка и музичката академија.

Се снимаше и документарна серија за неа, излегоа многу книги за неа, се отвори нов универзитет во Скопје а по моја иницијатива и прифатено од сите во владата го носи нејзиното име универзитетот Мајка Тереза, а во план беше и финасирање на снимање на игран филм.

Додека се размислуваше за тоа, се случи средбата со во тоа време вториот најголем вработувач во Индија после индиските железници, бизнисменот Субрата Рои, личен познаник на Мајка Тереза и донатор на нејзините хуманитарни активности.

На средбата со него во Њу Делхи а потоа и на презентацијата пред стотици индиски бизнисмени и министри во Бомбај (Мумбај), кој тој ја организираше за да ни помогне во напорите да дојдеме до најважните индиски бизнисмени, тој изрази силна желба токму неговата компанија да донира споменик на Мајка Тереза на плоштадот Македонија во Скопје.

Па така неговата компанија направи конкурс и проект за истото но дизајнот беше во духот на индиската култура и не беше широко прифатен од граѓаните во Македонија.

Фигурите изработени во мермер се завршија во целост и се чекаше да се заврши фонтаната за да заврши целиот проект. Смената на власта донесе едно прилично незрело негирање на се што започнала или создала претходната власт кое за жал трае до денес.

Споменичната композиција која требаше да чини четири милиони евра, пола беше платена а уште толку требаше да се доплатат, што споредено со тоа за што се троши пари денешната власт, и гледано од аспект на буџет на една држава не преставува преголем товар, особено што ќе беше поделен во 2-3 буџетски години.

Споменикот со сигурност ќе беше, и верувам дека еден ден ќе биде нов симбол на Скопје и магнет за привлекување илјадници нови туристи, така што парите што ќе се потрошат за споменикот многукратно ќе се вратат преку туризмот, хотелите, ресторантите итн.

Уште поважно е што секојдневно тој споменик ќе ги потсеќаше граѓаните на Македонија и туристите на правење добри дела, помагање, простување, мир, љубов кон Бог и кон секој човек независно на неговиот статус.

Гледано и од внатрешно политички аспект Мајка Тереза е општо прифатена и кај Македонците и кај Албанците и е лик кој обединува а не дели, иско оддамна таа не и припаѓа само на Македонија туку на целиот свет.Денес е 4. септември ден кога е прогласена за светица Мајка Тереза а утре е 5. септември денот на нејзината земска смр т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.