(ВИДЕО) Елена Ристеска пееше македонска традиционална песна, па не можеше, а да не ги сподели импресиите

  • By klaster3
  • септември 4, 2022
  • 0
  • 319 Views

Познатата наша пејачка Елена Ристеска долги години наназад важеше за една од најдобрите македонски пејачки и воедно најбарана кај публиката, но во последно време од нејзе нема ништо ново на музички план а и ја нема на настапи.

Популарната пејачка одамна нема извадено нешто ново, но затоа пак се посвети на друг бизнис, односно на козметиката каде отвори свој бренд.

Можеби музиката моментално и е во втор план и е посветена на други бизниси, а после долго време таа неодамна гостуваше во „Утринска на Телма“ каде зборуваше отворено на многу теми.

– Секогаш можело да се постигне и повеќе од ова што го постигнав, особено кога ќе погледнеш во каква земја работиш каде што немаш и многу услови.

Сега и толку не е модерно да се издаде албум, се се сведува на некој комплет од некои си 4-5 песни. Сепак ние живееме од концертите и спознорските договори.

Сепак, Елена не застанува ниту со градењето на музичката кариера, па на социјалните мрежи сподели новост која ќе ги израдува нејзините фанови а станува збор за нејзино враќање на музиката.

Како и секогаш, Елена повторно докажа дека е горда Македонка и со огромна чест ја претставува каде и да отиде, па секогаш е избор број еден кога станува збор за пеење на македонската химна или народни македонски песни на манифестации.

На прославата на Денот на независноста на САД ја имаше честа да ја испее македонската химна пред присутните и Амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнз.

Овојпат, Ристеска повторно е повикана да испее македонска песна, но на јубилејот на Пивара Скопје, па по тој повод се обрати на Фејсбук и напиша:

Вчеравечер бев на 100 годишнината од основање на Пивара. Иако ја отпеав акапела македонската песна “Јовано, Јованке” најубаво прозвуче кога гостите на настанот се придружија со пеење во втората строфа.

Една од најомилените традиционални песни на овој наш македонски народ, традиција која треба да ја гаиме, да го пееме она што ни е оставено во наследство од претходните поколенија.

Традиционално е да се наздрави за секој јубилеј, па затоа на Пивара и’ посакувам уште многу јубилеи и уште минимум 100 години успешност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *