(ФОТО) Даниел Кајмакоски ги насочи сите погледи кон него – се доведе во хоризонтална положба со помош на рацете

  • By klaster3
  • септември 3, 2022
  • 0
  • 298 Views

Даниел Кајмакоски се чини како што се појави одеднаш, така и го снема од македонската јавност. Откако победи на х фактор Адрија и ја претставуваше Македонија на Евровизија 2015 години се очекуваше да направи светла иднина, но досега ништо.

Беше претставник на Македонија во Виена за европскиот натпревар на песни Евровизија во 2015 година со песната „Лисја есенски“ по победата на Скопскиот Фестивал 2014.

Во неговите рани години, тој и неговиот татко Павле Кајмакоски којшто е многу талентиран и скоро секоја работа ја научил од него свиреле заедно по свадби, крштевки и слично, па уште од тогаш бил забележан неговиот бескраен талент.

На своја 7-годишна возраст заедно со своето семејство, заминува во Виена, Австрија. Даниел има учествувано во повеќе музички шоуа, а првото учество му е на 17 години со пласман во најдобрите 12.

Кајмакоски не е често активен на социјалните мрежи, не споделува скоро ништо од неговиот приватен живот, освен во некој специјален повод за настап на некоја поголема манифестација или фестивал.

Кајмакоски беше музички гостин во најновата епизода на емисијата „Лето во Србија“ која се емитува секој работен ден на РТС, па во дел од разговорот спомна дека летото го поминува најчесто работно, но има време и да се одмори.

Навикнат сум на градски живот, затоа Белград многу ми годи. Живеев во Виена се додека не дојдов на х фактор, победив, па се заљубив во Балканот и оттогаш останав овде.

Највеќе тука ги сакам луѓето, културата, музиката, храната, обичаите, традициите кои се многу слични секаде на Балканот, но највеќе ме купи тоа што овде се чувтвувам како по дома.

Луѓето ми дадоа огромна поддршка и затоа најдов свој дом овде. За мене остварувањето на мојот сон започна во Белград и можам да се пофалам дека имам привилегија да го живеам мојот сон“, објаснува Кајмакоски.

Кајмакоски очигледно цело лето бил ангажиран со работа затоа што дури сега, во септември, нашол време за да се одмори покрај море.

На официјалниот Инстаграм профил Кајмакоски сподели фотографии од плажа која се наоѓа на грчкиот остров Лефкада. Станува збор за познатата плажа Милос на тиркизното Јонско Море.

Она што го привлекува вниманието е физичката подготвеност на пејачот кој ја докажа со тоа што успеал на цевка да се држи во хоризонтална положба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.