(ФОТО) Гавазова за првпат покажа како изгледа нејзината нова куќа – базенот во преде план

  • By admin
  • август 29, 2022
  • 0
  • 367 Views

Како и за сите познати личности од јавниот живот, така и за Сузана Гавазова, една од најдобрите македонски фолкерки и воедно најбарани, народот сака секогаш да дознае нешто плус за нејзиниот приватен живот.

Сузе ја има буквално сегде, што прослави, што настапи по локали, но и на отворено. Едноставно публиката си ја сака Сузе, а таа знае како да возврати и да направи забава за паметење.

Нејзиниот Фејсбук профил е полн со слики од настапи насекаде, и со слики од нејзините фанови како се фотографираат со неа.

Освен тоа Сузе е докажана и на приватен план каде е посветена и грижлива мајка на двете ќерки Емили и Селена кои ги има со сопругот Јасмин кој е по потекло од Босна а заедно живееја во Шведска.

Пејачката е една од ретките која навистина многу се грижи за својот физички изглед. Освен што плени со својата несекојдневна боја на глас, таа воодушевува и со својата става.

Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите. Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.

Ако некоја пејачка во Македонија е зафатена, тоа е токму Сузана Гавазова. Струмичанката е постојано на снимања, патувања, настапи, како ширум Европа, така преку океанот.

Како што веќе е познато таа е во брак со Босанецот Јасмин со кого имаат две ќеркички, а откако по неколку години живот во Шведска се вратија во Македонија, решија да изградат нов дом.

На оваа тема веќе претходно говореше сопругот на популарната Суза и притоа отрки:

Вистина е дека куќа градиме, но не во Охрид туку во Дојран! Тој град од источната страна на Македонија ни е секако поблиску до Струмица во која сме сега.

А и самиот Дојран има потопла клима, онаа Медитеранска, која некако на мене и Сузана повеќе ни одговара. Доста ни е од она студенило, оние снегови кои ги имавме додека живеевме во студената Шведска.

И двајцата заедно со децата сакаме долго, топло лето, благи зими, убави медитерански плажи и куќа на брегот на езерото. Всушност ние како семејство сакаме постојано да сме во вода, да пливаме, да се ладиме од тропските жештини, да пиеме освежителни сокови во ладовина на палмите. Како во соништа, а зошто да не?!

Сето тоа јас и Сузана го најдовме во топлиот Дојран, кој е од мај до ноември целиот расцутен со леандри, калинки, лаванди…. и обоен е во зеленилото од раскошни Медитерански билки, изјави нејзиниот сопруг Јасмин во една прилика.

Попладнево пејачката за првпат објави фотографија од новиот дом каде ужива и напиша Доме слатки доме. Притоа покажа како изгледа дел од внатрешноста и погледнот кон базенот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.