Раде: Убаво се живее во Македонија, ама со германска пензија

  • By klaster3
  • август 29, 2022
  • 0
  • 336 Views

Германија во изминативе години стана број еден избор за работа и живот на Македонците. Некои остануваат за навек, некои не издржуваат и се враќаат – секој со своето искуство.

Но има и такви кои дочекале и пензија да земат од Германија. Брачниот пар Раде и Славјанка кои се наши читатели решија да ја раскажат својата приказна:

– Години и години поминавме работејќи во Германија, во тамошниот град Аугсбург. Затоа, сега уживаме во „плодовите на нашиот труд“, си играме со внуците имаме многукратно повисоки пензии од пензионерите кои ги примаат кај нас.

Непријатно ни е да кажеме колку. За разлика од нашите „колеги“ во Германија, пензионерите кај нас се меѓу најчувствителните и најсиромашните класи.

Работев на железницата во Аугсбург од 1973 до 2013 година. Таму имаш одреден систем и генерално, сите го почитуваат работникот. Работниците се многу заштитени.

Кога, така да се каже, го направивме нашиот дел, дојдовме во нашата земја, бидејќи тука имаме многу роднини, пријатели и голема куќа. Секако обезбедивме и за децата и внуците.

Ние сме привилегирани во однос на здравственото осигурување, имаме германско. Овде треба да купуваме лекови, а таму не моравме. Сепак, тоа е и голем трошок, но можеме да си ги обезбедиме потребните лекови.

Таму здравството е многу подобро, кога одевме на лекар, но постојат и таму термини освен ако не е итно, но се разумни и ништо не плаќавме, за разлика одовде.

Стотици илјади пензионери имаат пензија помала од 15.000 и со такви примања не можат да си дозволат услуги на приватни лекари, не одат во приватни лаборатории, клиники за снимање и интервенции.

Да останевме да работиме во Македонија со пензијата заработена овде немаше да можеме многу да си дозволиме. Нема лекар, нема море, нема планина, а камоли бања.

Животот на село и во природа сега ни изгледа одлично. Немаме добиток, но немаме ниту градина, па сега уживаме во пензионерските денови, завршува Раде.

Автор: А.Л. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *