Неодамна во јавноста главна тема беше една прекрасна вест која секое семејство би сакало да ја слушне и да го израдува.
Во семејството Мијалкови се роди принова, односно еден од синовите на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков стана татко на девојче.
Синот Јордан се ожени со неговата девојка Анастасија, а заедно со пријателите и семејството направија прекрасна свадбена прослава.
Вчеравечер, тие повторно славеа – но сега за мекици за новороденчето. Една од македонските познати пејачки која ја сподели веста за првородената ќерка е Тамара Тодевска.
За Тамара Тодевска не е потребно да се трожат премногу зборови. Како на домашна сцена, таа важи позната и во регионот.
Тамара своето слободно време сака да го поминува во кругот на своето семејство, па така секогаш има прилика „бега“ од обврските и активностите и се препушта на семејната идила.
Со секој одржан концерт и настап Тамара докажува зошто е на врвот на македонска музичка сцена. Силниот глас и енергија се карактеристични за нашата поп дива.
Таа ги изненади фановите, враќајки се на стариот имиџ, со нејзината кратка фризура со шишки кои беа препознатлив нејзин дел пред десетина години, а најави и нова музика.
– Сакам да се вратам на балканската музика, но секако македонската нема да ја заборавам. Ќе следуваат многу нови хи тови.
– Кога ќе ме видат во Србија веднаш ги асоцирам на песната ,,1003” песната е стара скоро 20 години но ете се уште се слуша и се пее, изјави Тодевска за Бекстејџ.
Тамара скоро цело лето има настапи во локалите низ Скопје, но и на приватни прослави како што е споменатата. Имено, Тамара во дел од вечерта ги забавуваше гостите на Мијалкови.
Прославата се одржа во хотел Мериот, а најблиските роднини и пријатели тоа го споделија на социјалните мрежи, па открија и дека бебето ќе го крстат слично на името на свекрвата – Алесандра.
На една од споделените фотографии за Инстаграм приказни, Тамара Тодевска се наоѓа заедно со дедото Сашо Мијалков.