(ФОТО) Елизабета, сопругата на Пендаровски преку ден со голем потег, а навечер блесна крај Стево

  • By admin
  • август 20, 2022
  • 0
  • 327 Views

првата дама на Македонија,Елизабета Ѓоргиевска често можеме да ја видиме во јавноста и е доста активна на социјалните мрежи.

Понежната половина на петтиот македонски претседател Стево Пендаровски за пошироката јавност не е непознаница.

Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија.

Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки. Има остварено неколку истражувачки посети на универзитети во Велика Британија, Белгија и САД, а исто така работела на неколку меѓународни истражувачки проекти.

Има објавено повеќе од 90 трудови. Била член на организациските и научни комитети на неколку национални и меѓународни симпозиуми и конференции.

Во 2014 беше првата сопруга што се вклучила непосредно во предизборната кампања на својот сопруг, претставувајќи ја пред гласачите неговата приватна страна. Стево Пендаровски стана претседател при вториот обид, во изборите 2019.

При секое појавување го привлекува општото внимание – со дискретниот филигрански изглед, секогаш внимателно заокружен, и со одмереноста на искажаните ставови, секогаш добро обмислени.

Елизабета важи за жена која секогаш е насмеана и делува расположена кога е во јавноста, а исто така ја одликува и хуманоста, за што показател е и вчерашниот потег:

„Денеска, заедно со активистката Весна Миленкоска подготвувавме оброци за ранливите категории на граѓани од охридско-струшкиот регион.

Да им помогнеме на нашите сограѓани на кои најмногу им е потребна поддршка во тешките кризни денови“, напиша првата дама во објава на социјалните мрежи преку дента.

За да подоцна, во вечерните часови го придружува својот сопруг, кој пак на својот профил на фејсбук напиша:

По 43. пат Интернационалниот фестивал на филмска камера Манаки пречекува домашни и странски кинематографери, филмски работници, уметници и автори кои со својата креативност и уметнички дух им го пренесуваат оригиналниот филмски свет на вљубениците во филмот.

Преку годинешната тематска одредница „Реалноста не е доволна!“ фестивалот „Браќа Манаки“ ни нуди две реалности.

Првата содржи општоприфатени вистини и факти, а втората, протолкувана низ сензибилитетот на уметноста и диоптријата на камерата, додава нови перспективи во нашите животи, нашите мисли и чувства и во нашите меѓучовечки интеракции во заедницата.

Преку двете реалности ни се дава можност да го разбереме светот околу нас и да се разбереме себеси во тој свет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *