Фолк-пејачот Јордан Митев е еден од ретките пејачи кој си ја сака и почитува Македонија, а тоа го докажува преку неговите чести статуси и коментари на социјалните мрежи.
Иако не споделува многу од приватниот живот на Фејсбук, некогаш некој зајадл ив коментар кон него знае да го испро воцира, па да си каже се што му лежи на срце.
Илјадници луѓе – негови фанови секогаш се јавуваат со поддршка за неговите песни и карактер, но и покрај тоа уште пожа лен е фактот дека кај нас странските пејачи се повеќе платени од нашите.
– Искрено, јас сум патриот, но не сум националист (во тоа има разлика), ги почитувам сите што ме почитуваат мене како Македонец, но жал ми е што мислам, се надевам дека грешам,
ние никогаш нема толку колку што треба да го почитуваме нашиот човек од туѓиот, па макар нашиот одел и на глава пак ќе му се најде некоја маана.
Да не се лутиме на нашите соседи, тие се големи професионалци, и кај нив барем оваа работа е поставена за многу многу класи повисоко, затоа и цените се повисоки, искрено си кажа Митев во една прилика.
За Митев е познато дека свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.
„Во Македонија нема јавна личност што не била исплука од било која бранша, така да не очекувам и мене да ме заобиколите . Ве молам напуштете ја мојата фан страна и не слушајте ја мојата музика.
Јас не создадов музика за да некого молам да ме слуша, јас создавам музика пред се за мојата душа. А Македонија сум ја напишал и опеал од душа. Тоа ќе остане за мене“, напиша Митев.
Често е активен на социјалните мрежи каде ги споделува своите песни, настапи, но и по некој момент од приватниот живот. Овојпат Митев посвети објава на нему драг пријател со кого одамна не се виделе.
Станува збор за Симе Георгиевски – Бричот, сопственик на Брич радио Сиднеј за кој Митев напиша: После 3 години повторно средба со легендата од Сиднеј, мојот многу драг пријател Симе – Бричот!