Кариерата ја започна како манекенка и модел уште како тинејџерка, на 17 годишна возраст, а потоа ја продолжи како тв водителка.
Нејзинот име е Ведрана Ѓорѓевиќ добо впечатлив и препознатлив лик од малите екрана, жена што е етаблирана и докажана во работата.
Модната писта и снимањето на ТВ рекламите нема никогаш сосема да ги напушти, иако по препорака на една нејзина тогаш поискиусна колешка, Живкица Ѓурчиновска, сега Каленикова и модниот стилист Александар Билјановски – Дадар, ќе застане пред ТВ камерите.
Канал 5 и тогашната програмска директорка на телевизијата, Весна Петрушевска – Бејби ќе и ја пружат првата шанса. Презентирањето на временската прогноза ќе биде она нешто по што ТВ гледачите ќе почнат да ја препознаваат Ведрана Ѓорѓевиќ.
Ведра, позитивна, насмеана, сексапилна и борбена. Така во кратки црти ќе се опише амбициозната Ведрана. Згодна убавица со виткана коса, која го носи шармот во својата насмевка, а сек сапилот во нејзините долги нозе.
Убавото македонско девојче со години беше дел од забавната емисија „Тротоар“, потоа задно со Димитар Атанасовски го водеше македонското музичко талент ТВ шоу „Сите наши песни“ на МТВ, па од утринската програма на МТВ…
По работата во медиумите наеднаш ја снема, па работеше како туристички водич во една позната скопска туристичка агенција.
Еден период живееше во Холандија заедно со своето поранешно момче, но сега е повторно тука и јавноста ја гледа секој викенд заедно со водителот Миро Кацаров како домаќини на забавниот ТВ магазин насловен „Голден карпет“ на Канал 5 ТВ.
Една од тетоважите на стапалото и е карта на светот и како што вели повторно е со значење зашто таа обожава да патува, да станува побогата и поискусна. Самото место на тетоважата асоцира на тоа дека нејзините стапала ќе го прошетаат светот.
Водителката тоа и го докажува затоа што често знае да отпатува на некоја позната, егзотична дестинација. Претходната година со нејзиниот партнер беа на одмор во Шпанија, а оваа година на една од најпосакуваните дестинации.
Имено, неодамна тие беа можеби една од најубавите дестинации за одмор на светов – Малдиви. Нејзиниот дечко работи како диџеј, неговото вистинско име е Андрија Антиќ и потекнува од Србија.
Но тоа не беше се, летово често Ведрана е на море, а овојпат со својата љубов престојуваше од Малта од каде се огласи со фотографии и притоа порача:
Малта. Секогаш и се враќам со радост. Има толку убавина и историја во овие ѕидови. А плус е прекрасна за фотографирање.
Мдина некогаш бил и главен град на Малта, но токму и кога тоа престанал да биде станал она што е и ден денес. Тивок град.
Мештаните се во поодминати години и насекаде има знаци дека треба да се зборува тивко за да не им сметаме на оние кои живеат во овој град и тоа ми е супер автентично.
Дефинитивно место што треба да се посети. П.С Не послужи и времето што залади тие два дена и дожд кој не е вообичаен за овој дел од годината.