(ФОТО) Благоја Грујовски во друштво на својата колешка, па му порачаа да остари малку

  • By klaster3
  • август 18, 2022
  • 0
  • 285 Views

Благоја Грујовски е едно од најпознатите музички имиња во фолк музиката во Македонија кој својата музичка кариера ја започнал пред 29 години.

Им ги исполнил желбите на двајцата родители, па станал новинар и музичар, а најмалку се надевал дека ќе земе микрофон да пее, во групата со која настапувал претходно уста не отварал.

Грујовски е познат и по ангажманот во Македонско Радио цели 16 години за кои вели дека му биле многу напорни бидејќи паралелно имал настапи.

Ретко кој знае дека е роден во Белград, дека е дете на студентска љубов, но дека корените му се од Лазарополе. Отсекогаш важел за човек кој остава впечаток кај жените.

Во брак е скоро 13 години со 24 години помладата сопруга Ирена, а претходно беше во брак познатат водителката Татјана Стојановска со која го има синот Матеј.

 

Благоја е татко на два сина, Матеј е постариот, Марко помлаиот, и е исполнет со обврските околу снимањето на емисијата Везилка која ја води заедно со Ирена Спировска и со Адријана Алачки, а шетаат секаде низ Македонија и ги прикажуваат локаните специјалитети и традицијата.

Грујовски знае понекогаш да сподели нешто на социјалните мрежо, главно од професионалниот живот и настапите. Неодамна на својот Фејсбук профил напиша мислење за музиката којашто ја слуша денешната младина.

„Полуматурска младина пејат во еден глас стари српски кафански рефрени од 70те и 80те години. Ред по редум. Импресивно.

На мојата полуматура 1977 ние не сме ги знаеле овие песни(јас ги дознав после во војс ка ’81)ниту нѐ интересирале како генерација.

Ова што децава сега го пејат надвор,во она време се емитуваше главно на радио Александровац,радио Шабац, на вашари итн. и не допирало до нас. Ама допрело до денешниве ПОЛУматуранти во 2022!“, вели во дел од објавата.

Грујовски лани го прослави 59-тиот роденден за кој самиот изјави дека после бо рбата со корон авирусот не ни мислел дека ќе го дочека, но за своите години одлично се држи.

Веројатно многу фактори се во прашање за неговиот младешки изглед, па истото го потврдуваат и неговите блиски. Имено. Грујовски сподели фотографија со познатата Анета Мицевска и напиша: Анета грлото бисерно, а нему му порачаа малку да остари за да не му избега генерацијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *