Марко Маринковиќ или за јавноста познат како Марко Слаткар со години важи за еден од најпознатите и најпопуларните рапери во нашата држава.
За Слаткар е познато дека правењето нови песни очигледно му оди од рака со леснотија, па тој продолжува со домашните и интернационални дуети со повеќе или помалку познати изведувачи.
Во 2014 година, Слаткар се ожени со поранешната Мис на Македонија Сања Николиќ. Потоа тие станаа родители на слаткиот Моша, нивниот син.
-Точно, како ден и ноќ сме, но нели,-мора да се стемни за да се раздени. Различни сме, но си имаме потреба еден од друг и се надополнуваме.
Иначе и двајцата сме лав во хороскоп, а од скоро дознавме дека и двајцата сме бик во подзнак. Па ти сега види.“, рече Слаткар за својата Сања.
Во едно интервју тој рече: „Да полетам“ секогаш ќе биде приказна на моето семејство. „Да полетам“ е наша приказна, но мотивација за секој човек што сака да успее.
За мене, една од песните што сега кога ја исполнувам, од срце, со огромна љубов ја пеам за мојот по -коен татко. За сè она на што ме научил и за тоа каков човек направил од мене“, рече Слаткар.
Слаткар според сторињата што ги објаува на Инстаграм се покажа како добар татко, а неодамна објави уште едно, како безгрижно си се шета со Моша низ Градсккиот парк во Скопје.
За Марко Слаткар вчера беше убав ден, поточно негов 36-ти роденден. По тој повод сопругата Сања Николиќ му честиташе со фотка на која се заедно, а она што влегува прво во очи е погледот со кој го гледа својот сакан.
„Среќен роденен љубов моја“ стоеше на фотографијата што ја сподели неговата Сања.