Спасе временска прогноза: Не, не ве слушам од високиот рејтинг

  • By admin
  • август 16, 2022
  • 0
  • 236 Views

Кога ќе се спомне името и презимето на Спасе Јовановски на многумина нема да и биде познато, но кога ќе се каже Спасе Рола или Спасе временска прогноза е тогаш работите се менуваат.

Кога станува збор за телевизиски лица, публиката секогаш има некого да издвои којшто му остава впечаток со својот став и појава.

Него го гледате речиси секоја вечер во информативните изданија на „ТВ Сител“, иако не е ниту информативец, ниту новинар… Да, порано бил и тоа естраден, во некогашниот магазин „Македонски свет“.

Како што самиот напиша во една прилика, во ТВ Сител е веќе пет години и јавноста го гледа како презентер на временската прогноза.

– Доколку сум прва смена на работа во мојата матична куќа “Сител“, тогаш денот за мене почнува во 5 часот наутро“, раскажа во една прилика познатиот Тв презентер од Сител, Спасе Јовановски во Женски магазин.

-Станувам, неколку минути се растегнувам и влегувам под туш. По тушот следи едно јако еспресо кое го пијам со татко ми, бидејќи тој ми е “бек ап аларм“ доколку не го чујам алармот“, додаде тој за својот дневен ритуал.

Секогаш облечен во костим со очила и озбилен при презентирањето, ретко би го препознале кога е облечен во полежерна комбинација и насмеан.

Спасе уште го знаат и како Спасе -„Рола“, или „Рола до бола“, прекар кој веројатно самиот си го дал себе си. Или барем така јавно тврди токму на социјалните мрежи.

За себе често знае да искоментира дека е ѕвезда, а во една прилика упати порака: „До професорот у средно што рече дека од мене НИШТО НЕМА ДА БИДЕ и што ме остаи на полагање у сред АВГУСТ…Па професоре, ЦВРЦ, мало сте се зезнули. Види у каква ЅВЕЗДЕТИНА се претворив!“

Секојдневно е активен на социјалните мрежи каде што споделува фотографии од приватниот и професионалниот живот, но и по некој статус во кој го искажува своето мислење.

Овојпат Спасе објави фотографија од просториите на ТВ Сител каде позира како зборува на фиксен телефоно и притоа напиша: Ало. Не, не ве слушам од високиот рејтинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *