Илјадници семејства, како во Македонија, така и низ цел Балкан со години мора да бидат одделени едни од други поради иселувањето и печалбата во странство и не се гледаат..
Но, познатиот писател Паоло Коељо вели: „Луѓето секогаш пристигнуваат во вистинско време на местата каде што некој ги чека“, а су дејќи по видеото од Србија кое деновиве ги расплака сите – нема поголема вистина.
Девојката Лена, која најверојатно има српско потекло, на својот ТикТок профил објави видео од средбата со нејзината баба, која за три дена ја погледнале над милион луѓе!
„Пари секогаш ќе има, но време нема“, напиша Лена под емотивното видео на кое не можете да останете рамнодушни додека го гледате.
На снимката се гледа како девојката влегува во дворот додека нејзината баба изненадена седи на стол и гледа празно во неа, а потоа и во камерата. Набрзо потоа почнаа да се прегрнуваат и двете прснаа во солзи од среќа.
„Се преселив од Германија во Америка, а баба ми не сум ја видела долго време“, напиша Лена во видеото кое им се допаднало на речиси 150.000 корисници на „Тик Ток“.„Дојдов поради тебе“, рече Лена гушкајќи ја бабата блиску до себе.
Многумина се поистоветија со оваа емотивна средба, со оглед на тоа што пан демијата ги одвои луѓето долго време, па не е чуд но што многумина со години не ги виделе своите сакани, а камоли да ги прегрнат.
„Може да дојдам и по четири години, ама баба ми можеби нема да ме чека.Гушкајте ги додека можете!“, порачува една млада девојка во коментар.
Секој што го гледаше видеото не остана рамнодушен, па коментарите и реакциите се нижеа едни по други.
“Не те познавам, но многу ми е драго за ова видео. Уживајте во вашиот одмор!” „Боже, плачев, сè“, коментираа луѓето, а многумина изразија жале ње што никогаш повеќе нема да можат да ги прегрнат своите баба и дедо.
Целото видео може да го погледнете овде.