Никола Груевски се огласи доцна вечерва по повод Илинден – стави акцент на еден историски лик

  • By admin
  • август 2, 2022
  • 0
  • 412 Views

Екс премиерот Никола Груевски вечерва се огласи на својот профил на фејсбук по повод празникот Илинден и со долгометражен текст вели:

Честит Илинден! Нека е вечен празникот и нека е вечна Македонија!“Ние Македонците – не сме ни Срби, не сме ни Бугари, туку едноставно Македонци. Македонскиот народ постои независно од бугарскиот и српскиот.

Ние сочуствуваме и со едните и со другите, и со Бугарите и со Србите: кој ќе го помогне нашето ослободување, нему ќе му бидеме благодарни, но Србите и Бугарите нека не заборават дека Македонија е само за Македонците. Борис Сарафов (12. Јуни 1872 – 28. Ноември 1907)

Честитајќи го денот на илинденското востание од 1903 година и првото заседание на АСНОМ од 1944 година, сакам да потсетам на зборовите на Борис Сарафов, еден од трите водачи (покрај Дамјан Груев и Анастас Лозанчев) – членови на Главниот (востаничкиот) штаб на Илинденското востание во Битолскиот револуционерен округ каде се воделе и најголемите битки и каде се создале ослободени територии.

Овие зборови на Борис Сарафов долго време беа мото под насловот на корицата на изданието на “Македонски глас”.

Тоа е всушност најзначајниот печатен архив на македонската национална мисла во периодот на балканските во јни и почетокот на првата светска во јна за одбрана на целоста на Македонија и слободата и обединувањето на македонскиот народ, зад која стои Македонската колонија во Петроград, во чии состав се Димитрие Чуповски, Крсте П.Мисирков и повеќе други.

Во време на големи предизвици за македонскиот народ, во време на секојдневни негирања на нашата историја и тврдења дека сите наши предци пред 2.август 1944 година се чуствувале Бугари, во време на дебатите за периодот на создавање на нацијата, денес кога го славиме Илинденското востание, во 119.година од неговото кревање, се потсетувам на овие зборови на легендарниот македонски револуционер Борис Сарафов.

Познато е дека водачите на Организацијата имале поделени мислења околу кревањето на востанието во 1903 година. Двете спротиставени страни имале свои аргументи. Еден од оние кои на почетокот се приклонил кон мислењето на Гоце Делчев и Ѓорче Петров за тоа дека востанието треба да е само од парт изанска природа а подоцна станува најактивен подржувач на востанието како општонародно и директен учесник во него, со секојдневно присуство и бор би на теренот е и Борис Сарафов.

Најмногу во оружени бор би за време на востанието имало во битолскиот ре волуционерен округ, односно во Битолско, Костурско, Охридско, Прилепско, Кичевско, Ресенско, Демирхисарско, Крушевско и другите места кои припаѓале под битолскиот револ уционерен округ. Борис Сарафов за време на востанието бил постојано присутен, го храбрел и мотивирал населението и директно учествувал во би тки и ги обиколувал речисисите овие места.

Харизматичнот, бун товен и многу храбар р еволуционер со нескротлив авантуристички д ух и претходно, и по илинденското востание бил најмногу од сите активен на меѓународен план, со бројни посети на многу европски земји и метрополи заради огромен број политички средби со значајни политички и воени личности, огромен број интервјуа за најпознатите европски и американски весници и многу успешни напори во собирање финасиски средства и ор ужје за организацијата.

Неговата активност и присутност надвор од Македонија била толку голема што многумина го сметале за главен водач и организатор на ВМРО (во тоа време ТМОРО).

Неговото наизменично присуство на теренот во кр вавите би тки каде секогаш животот му бил “на коцка”, присуство и активност на средбите со иделозите на ВМРО каде се кроеле политиките и се носеле одлуките, посети во канцелариите и домовите на бугарски министри кои биле негови пријатели, но и средби со српски преставници во Белград и Будимпешта од кои се обидувал да добие пари и ор ужје за Организацијата, посети и разговори во канцелариите на странските дипломатски преставништва во Софија но и честото присуство во елитни локали и кабареа на ноќниот живот во Софија и во други големи градови низ Европа, многу често опкружен со марканто женско друштво, го одвоиле како посебен лик кој неможе лесно да се спореди со ниту еден друг рев олуционер од тоа време.

Тој бил исклучително популарен меѓу македонското население уште додека бил жив, а Њујорк Тајмс и неколку европски весници речиси во чекор ги следеле и објавувале неговите позначајни активности.

За ж ал во Македонија првата асоцијација за него е негативна како врх овист. Но малкумина знаат дека тој е третиот претседател на Врховниот Македонски Комитет (ВМК), после Трајко Китанчев и Данаил Николаев, но и единствен во чие време ВМК има отворено про-македонско делување и активности, заради што, а секако со други изговори и поводи, тој е уа псен од страна на бугарската власт во Софија.

Македонската емиграција во Софија има покренато толку големи, масовни и на моменти до физички инц иденти про тести, со апс ење на некои од поагресивните учесници на протестите за негово ослободување, што набрзо е ослободен со цел да се спречат поголеми не мири.

Борис Сарафов за претседател доаѓа со подршка на Гоце Делчев и Ѓорче Петров кои во тоа време се задгранични преставници на Организацијата во Софија, и за ж ал со подршка на Гоце Делчев бил сменет, за што самиот Делчев неколку месеци подоцна се каел и говорел дека тоа му било голема грешка, но тие и потоа ја продолжиле соработката.

Одлуката на Делчев била мотивирана од фактот што Б.Сарафов почнал да бара да има влијание во назначувањето на војводи во неколку места низ Македонија, а веќе неколку месеци подоцна новото раководство на ВМК инфлиртирало далеку поголем број свои припадници и ги инсталирало во ВМРО, пред Делчев да препознае дека тој состав на ВМК предводен од двоецот Михајловски-Цончев не е про македонски (туку е пробугарски настроен) и пред ВМРО и ВМК да станат отворени противници.

Додека Сарафов е претседател на ВМК огромни пари на ВМК собрани од македонската емиграција во Бугарија, преку македонските клубови, како и прибрани пари од богати поединци делумно и со из нуда ги инвестирал во набавка на ор ужје кое директно го предавал на ВМРО, а се со цел за кревање на општонародно востание за ослободување на Македонија.

Практично неговото претседалствување со ВМК е период кога ВМК и ВМРО се речиси едно-исто, или поинаку кажано ВМК кој е врховно тело на здруженијата на македонските емигрантски организации е еден вид сервис на ВМРО, тие даваат финасии и оружје на Организацијата во големи размери и токму тоа го има вознемирено бугарскиот политички и воен врв кој проценил дека ВМК не е под нивна контрола и дека треба да издејствуваат смена на Сарафов и инсталирање на водачи кои таа организација ќе ја стават во служба на бугарскиот национален интерес.

Дека уште во тоа време се правела јасна разлика меѓу Македонци и Бугари говори и едно писмо на Сарафов од 25. Фебруари 1902 година испратено од него додека бил во Женева, до задраничното преставништво на ТМОРО (ВМРО) во Софија во кое изразува низа негодувања и незадоволство од некои состојби во Органозацијата за кој бил прилично критички настроен, и сметал дека треба да се променат.

Особено кр итички настроен бил кон претседалствувањето на Гарванов во ЦК на Организацијата (патем напоменувајќи дека во Швајцарија нашол млади студенти кои биле готови да се жр твуваат за македонската кауза, мислејќи на гемиџиите), Сарафов барал Делчев да дојде во Женева за да постигнат усен договор за натамошна соработка и нормално функционирање на Организацијата наведувајќи 11 точки за дискусија како што биле купувањето ору жје, создавањето канали кон Србија и Албанија, сојуз со албанската ослободителна организација, начинот на конечното уништување на врховистичките чети (веќе под ново раководство на Михајловски-Цончев), публикување нов весник во странство, создавање нов комитет во Бугарија

(се мисли на нов ВМК одкако станала јасна наклонетоста кон Бугарија на новото раководство на ВМК после неговата смена), создавање таен комитет во Србија , организирање сојуз со Ерменците во Цариград, , нови сили и чети во внатрешноста и последната точка на Сарафов била меѓу најважните, каде тој им порачал на членовите на ЗП и на сите нови органи на ТМОРО да расчистат јасно со зборовите: “дали сме Македонски револуционери или бугарски патриоти”, што прави јасна дистинкција на Македонците и Бугарите и негово дефинирање како Македонски револуционер и ништо друго.

Во август 1902 година Б.Сарафов повторно се нашол на страниците на Њујорктајмс каде на 7. Август 1902 година Њујорк тајмс изрично го пренесува ставот на Сарафов според кој: “Македонците неможат понатаму да прават добра за Бугарија…тие мора да се ограничат самите на Македонија”.

За крај потсетување на делови од едно интервју на Борис Сарафов од 11 април 1901 година направено од дописникот на Тајмс во Виена веднаш по апсе њето на Сарафов.

Интервјуто не е од 1944 година или подоцна, туку од 1901 година! Таму ќе видиме како Сарафов вели:

“Ние Македонците се сметаме себе си како посебен национален ентитет, и ни најмалку не сме расположени да дозволиме нашата земја да биде преземена од Бугарија, Србија или Грција”.

…„Голема грешка е да се верува дека сакаме да ја придобиеме Македонија во името на Бугарија. Ние Македонците се сметаме за целосно засебен национален елемент и не сме расположени да дозволиме нашата земја да биде заземена од Бугарија, Србија или Грција. Ние, всушност, ќе се спротивставиме на секое инкорпорирање со сите си ли.

Македонија мора да им припаѓа на Македонците. Недоразбирање настана преку нашето престојување во Бугарија. Околноста дека сме подготвиле македонско востание додека живеевме во оваа земја, доведе до заклучок дека целиме кон сојуз меѓу двете словенски покраини. Сепак, тоа е сосема апсурдно.

Да не про тераа од Бугарија и да се населевме во Швајцарија, никој не би помислил дека сакаме да ја ослободиме Македонија во името на Швајцарија; Само одиме таму каде што наоѓаме најповолни можности за нашата револуц ионерна работа…

Но, каде и да сме, ние сакаме нашето движење да се разликува од националните аспирации на независните балкански држави. Енергично ќе се спротивставиме на секој обид на тие држави да ја обезбедат Македонија за себе.

Тој понатаму говори дека многу повеќе очекува и посакува помош и соработка со Австроунгарија одколку со Русија, говорејќи дека Русија сака да ја освои османлиската империја а со тоа да ја по тчини и Македонија во чии состав тогаш била и Македонија.

Можеби тоа се должи на разговорот воден со Јуриј Бахметев, дипломатски преставник на царска Русија во Софија кон крајот на 1900 година, кога Сарафов е поканет во својство на претседател на ВМК. Пред повикот за средба од страна на Бахметев, Сарафов знаел дека Русија не ја подржува неговата револуционерна дејност по македонското прашање, но не очекувал дека дипломатскиот преставник без многу дипломатски тон директно ќе му предочи на Сарафов дека тој и неговиот Комитет отишле “многу далеку” особено во насилното извлекување пари и дека клучевите за македонското прашање се во Петербург.

Тој му рекол на Сарафов дека македонското дело било “студентска фантазија” и дека никој во Европа па дури ни Русија нема да им помогнат во нивната борба. Рускиот дипломат кој подоцна ќе стане и амбасадор на Русија во Јапонија и САД побарал од Сарафов да си даде оставка од позицијата претседател на ВМК.

Сарафов возвратил дека неискреноста на европската дипломатија ги принудила нив во ВМК да дејствуваат на таков начин и дека нема право да се меша во револуционернат дејност на македонското револуционерно двожење и потенцирал дека “изнудување пари е систем кон кој што дипломатијата не принуди, со своите неискрени дејства”.

На ваквиот директен одговор на Сарафов, Бахметев повторно се з аканил дека и ВМК и ТМОРО (името на ВМРО во тој момент) ќе станат “прав и пеп ел”.

Во суштина, бугарската влада и кнезот Фердинант ја барале неговата оставка, а 22 години претходно Русија го создала кнежеството Бугарија со цел да биде нивен сателит земја, одкако Русија “до колена” ја поразила Османлиската империја во 1878 година, по што следат мартовскиот Сан Стефански договор со кој планот бил Македонија да биде во една многу поголема бугарска држава, кои планови не се реализирале по противењето на другите големи сили и свикувањето на Берлинскиот Конгрес во јуни истата година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.