(ФОТО) Турунџиева си кажа што загледува на плажа за разлика од повеќето жени кои загледуваат згодни мажи

  • By admin
  • јули 30, 2022
  • 0
  • 424 Views

Една од најпознатите македонски поп-пејачки, писателки и телевизиски водителки Сузана Турунџиева често знае да привлече внимание на јавноста.

Популарната Сузе е родена во Битола, на 9 март 1969, како второ дете во семејство на просветни работници. Уште од шест годишна возраст го изучува пијаното, а на дванаесет години сама, без знаење на своите родители, со своите заштедени пари си купува гитара, на која сама почнува да учи да свири.

Во 1984 година се запишува во Средното музичко училиште во Битола, на отсекот по соло пеење во класата на професор Пеце Митревски.

Во текот на четирите години освојува вредни награди на републичките и сојузните натпревари по соло пеење, како: прва награда на републичкиот натпревар по соло пеење во Скопје, во 1985 година, како и прва награда на сојузниот натпревар во Белград по соло пеење, во текот на истата година.

Во 1991 година, после дипломирањето на Ф М У, заминува во Австралија, на покана од К У Д „Александро Турунџев“ од Мелбурн. Покрај неколкуте успешни концерти низ Викторија, во ноември истата година учествува и на еден натпревар за пеење

– „Да пеам, да те натпеам“, каде ја освојува првата награда. По враќањето од Австралија, се запишува на постдипломски студии по соло пеење на ФМУ Скопје, и започнува да работи како професор по соло пеење и камерна музика во средното музичко училиште, Илија Николовски Луј.

Во периодот кој следува, активно се занимава и со естрадно пеење, каде покрај класичната, мошне успешно се испробува и во поп, џез, блуз, кабаретската и евергрин музиката. Паралелно со професорската дејност, Сузана Турунџиева работи и како хонорарец во Македонската радио телевизија.

Таа е позната по својата харизма и добрина, а во последно време е доста активна и на социјалните мрежи каде секојдневно објавува по нешто.

Живот многу не ја мазеше Сузе, па таа загуби неколку сакани и блиски личности, меѓу кои нејзинито сопруг Маријан и брат и Панде.

Турунџиева периодов го помина својот одмор на море, а денес на својот фејсбук профил сподели статус со неколку фотографии во кој вели:

На плажа повеќето жени загледуваат згодни мажи, а јас пак загледувам (згодни) камења п.с. Кој ќе киниса со мене на плажа, мора да е спремен да износи по 2,3 кеси камења назад, иначе ништо од плажата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.