Фудбалскиот клуб Вардар на 22 јули го прослави својот 75 роденен, а во таа прилика од клубот меѓу другото порача:
75 години поминаа од денот како Вардар се роди за да биде гордост на Македонија и за тие 75 години, од 22 јули 1947 година до денешен ден, Вардар останува фудбалска и спортска приказна која носи радост и гордост на секој Македонец.
Најголемиот фудбалски бренд се роди во киното Вардар на денешен ден во 1947 година со спојувањето на тогашните два клуба Македонија и Победа со една цел, Скопје да добие еден клуб кој масовно ќе го промовира и развива спортот. И „црвено-црните“ за 75 години успеаа во тоа – Вардар е победа, Вардар е Македонија. Целта на фузијата во рамките на тогашна Југославија беше да победува Македонија.
Во овие 75 години, во Вардар продефилираа илјадници играчи, за Вардар се истрчаа милиони километри, се пролеаја „тони пот“, се водеа би тки за трофеи, но и за опстанок и на крајот секој пат, радоста ја победуваше таг ата, а гордоста по секоја победа беше уште поголема. За Вардар како река течеле солзи и по порази и неправди, но и радосници по победи и успеси.
Вардар со години во некогашната југословенска федерација беше стр ав и тр епет на свој терен дури и за претендентите за највисок пласман.
Шампион на Југославија во сезоната 1986/87, освојувач на Купот на Југославија во 1961 година, 11 пати првак на Македонија и пет пати освојувач на националниот Куп. Прв македонски фудбалски клуб што заиграл во европските купови, прв и засега единствен што играл во групната фаза од Лига Европа.
Вардар е радост. Вардар е гордост. Вардар e живот. Вардар е љубов. Вардар е нераскинлива врска помеѓу скопјани и својот миленик, тоа е љубов кога се раѓа со првото стапнување на стадион. Едноставно, Вардар е една љубов, еден живот.
И одново „црвено-црните“ ќе жар ат и па лат и пак ќе се ори „ој Вардаре македонски, ти ја красиш Македонија“ на „Градски“. Среќен роденден Вардаре!
По овој повод на МТВ се емитуваше прилог во вестите подготвен од новинарот Тони Стојановски кој ги освои срцата на сите фанови на „црвено-црните“.
Новинарот Фуркан Салиу на својот профил на фејсбук се огласи со статус во врска со прилогот на Тони Стојановски за роденденот на Вардар и напиша:
Луше како овој небањатиов, еден спортски бренд како Вардар го искористија, го зл оупотребија и на крај го уни штија.
20 години спортски новинар, неговите дома не знаат дека е новинар, па мора да меша политика, спорт, наци онализам за да некој му обрне внимание.
Зошто ова го дозволува Вардар како клуб и МТВ како институција не знам. Ама едно знам, политика го уни шти Вардар. Нац ионализмот го ун ишти Вардар.
Среќен роденден Вардаре, се надевам дека еден ден ќе вратиш мнг посилен во првата лига, но како спортски клуб кој обединува а не како клуб на одредена група на луѓе.