Поранешна учителка во Австралија: Сите ние многу сакаме во Македонија се да биде најдобро и да биде успешна и богата

  • By klaster3
  • јули 26, 2022
  • 0
  • 254 Views

Македонците во Австралија важат за една од најголемите наши дијаспори во светот, а неодамна и пристигнаа бројки за тоа колку ја има.

Македонци во Австралија или Австралиски Македонци се едно од поголемите етнички малцинства во државата со над 100.000 припадници.

Од последниот Попис во 2016 година (98.441) има зголемување од над 13% на лицата кои се идентификуваат дека имаат македонско потекло.Околу 111.352 луѓе се идентификуваат со македонско потекло, при што 49.429 од тие луѓе живеат во Викторија и 43.775 живеат во Нов Јужен Велс.

Податоците покажуваат дека во Австралија вкупно 66.173 лица го зборуваат македонскиот јазик дома, што е за 137 лица повеќе од претходниот, а истовремено македонскиот јазик важи за најзборуван источноевропски јазик таму.

Но, и покрај тоа, мал е бројот на ученици кои го изучуваат македонскиот јазик во училиштата, па затоа на иницијатива на наставниот кадар од оваа асоцијација, формирано е здружение на учителите по македонски јазик во светот со цел размена на искуства, наставни програми за да се зголеми бројот на ученици кои го изучуваат јазикот.

Потпретседателката на Здружението на уители по македонски јазик во Викторија и поранешна учителка, Новка Пејовска-Блајер, соопшти дека наставниот кадар по македонски од повеќе земји во светот одржа онлајн конференции, на кои е констатирано дека речиси во сите училишта, бројот на учениците по македонски во последните години се намалува.

– Во Викторија имаме 600 ученици кои го изучуваат македонскиот јазик, или во редовните или во саботните училишта. Јасно е дека Австралија со својата мултикултура се грижи за сите етнички групи и за сите јазици немаат никакви забелешки.

Од Центарот за странски јазици во Викторија не потркепуаваат во секој поглед. Што се оденсува до Македонија имаме одлична соработка и поткрепа од нашата генерална конзулка во Мелбурн г-ѓата Сања Зографска.

Сите ние сме поврзани, сите ние многу сакаме во Македонија се да биде апсолутно најдобро и најуспешно и сакаме да биде успешна и богата со среќни луѓе што ќе имаат висок стандард.

Тие луѓе уште повеќе го сакаат, но реалноста е поинакв. Ние од здружението на учителите по македонски јазик на светско ниво сега сме загрижени дека луѓето ги заменуваат работите, не дека јазикот е најважен.

Ние само тоа сакаме, јазикот да го сочуваме во дијаспората бидејќи имаме многу луѓе. Ако имаме над 100.000 Македонци во Австралија, во Викторија најмногу – над 40.000, а да имаме само 600 ученици со македонски тоа не е во ред за нас, вели Пејовска-Блејер за СБС на македонски.

Новка Пејовска-Блајер упатува порака до сите родители, млади Македонци и Македонки да го изучуваат македонскиот јазик во Австралија како и до сите роднини, баби, дедовци да им зборуваат на децата за да се зачува јазикот и културата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *